• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Пецаков: Наша главна цел и стратешки приоритет е континуирано зголемување на бројот на туристи

Пецаков: Наша главна цел и стратешки приоритет е континуирано зголемување на бројот на туристи

Развојот на туризмот преку зголемување на бројот на туристи преку целата година, креирање нови форми на туризам и содржини и зајакнување на човечките ресурси во секторот е наш стратешки приоритет, порача на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков. Тој наброја неколку проекти од сферата на туризмот предвидени во нивната програма „Гарантираме“.

 |   | 

Наша главна цел и стратешки приоритет за развојот на туризмот е континуирано зголемување на бројот на туристи, преку градење нови модели за развој на туризмот, креирање нови форми на туризам, брендирање производи и привлекување брендирани имиња, зајакнување на човечките ресурси во угостителско-туристичкиот сектор и промоција на Охрид како безбедна и атрактивна туристичка дестинација со богати туристички содржини, кажа на денешната прес конференција Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“. Пецаков наброја дел од проектите во сферата на туризмот предвидени во нивната програма „Гарантираме“.

ПРОМОЦИЈА НА ЦЕЛОГОДИШЕН ТУРИЗАМ – ОХРИД 365 ДЕНА. Афирмација преку целата година со ослободување од уплата на туристичка такса за периодот надвор од сезона, исплата на дел од сметките за вода и сл., или субвенции за сместувачките капацитети што ќе носат гости пред и по туристичката сезона.

УНИФИЦИРАН ИЗГЛЕД НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ НА ПЛОШТАДОТ поради подобра визуелизација на местото.

СПОРТСКИ ТУРИЗАМ – БАЗА НА ПОДГОТОВКИ ВО ОХРИД

Подобрување на условите за развој на спортскиот туризам, преку организирање летни училишни кампови, создавање услови за подготовка на спортски клубови во истите и одржување на спортски манифестации – наброја Пецаков.

Најави анагажирање за поинтензивен развој на руралниот туризам со цел да се поттикне економскиот и општествениот развој во руралните средини. Тоа ќе значи спречување на миграцијата на млади луѓе преку креирање нови работни места и зголемување на економската активност во руралните подрачја, кажа Пецаков.

ЕКО ТУРИЗАМ – МАПИРАЊЕ, ПРОГЛАСУВАЊЕ И ПРОМОВИРАЊЕ НА ЕКОЛОШКИ ЗАШТИТЕНИ ЗОНИ ( Галичица, Косел, Студенчишко Блато и други) со цел промоција на еко-туризмот во Охрид.

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО и воспоставување поврзаност помеѓу Студенчишкото Блато и Охридското Езеро преку канали. Целта е зачувување на целокупниот езерски екосистем и влез на Општина Охрид во биосферен резерват – кажа Пецаков.

Пецаков најави и изготвување на охридски туристички речник во кој по азбучен редослед ќе бидат опфатени сите туристички вредости на градот со цел на едно место да се опфати севкупната туристичка понуда на Охрид.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top