• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Пецаков: На семејството чија куќа изгоре им обезбедивме прехрамбени производи, средства за хигиена и лекови

Пецаков: На семејството чија куќа изгоре им обезбедивме прехрамбени производи, средства за хигиена и лекови

Во пожарот кој што вчера зафати куќа на ул. „Петар Поп Арсов“ во населбата Лескајца беше интервенирано со четири возила и десет пожарникари од Територијалната против пожарна единица од Охрид.

 |   | 

Во пожарот кој што вчера зафати куќа на ул. „Петар Поп Арсов“ во населбата Лескајца беше интервенирано со четири возила и десет пожарникари од Територијалната против пожарна единица од Охрид.

Во немилиот настан, за среќа нема повредени, но причинета е голема материјална штета. 

Општина Охрид заедно со Црвен крст Охрид, на семејството првично им обезбеди прехрамбени производи, средства за хигиена и лекови.

Дополнително работиме на изнаоѓање начин семејството да го сместиме во привремено живеалиште се до обезбедување на услови за нормално функционирање во нивниот дом – напиша градоначалникот Кирил Пецаков на Фејсбук.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top