Градоначалникот Кирил Пецаков ги демантираше пишувањата дека е позитивен на Ковид-19. Оваа реакција следи откако неколку медиуми објавија дека Пецаков бил позитивен на коронавирусот.
Градоначалникот Кирил Пецаков ги демантираше пишувањата дека е позитивен на Ковид-19. Оваа реакција следи откако неколку медиуми објавија дека Пецаков бил позитивен на коронавирусот.
По шо гледам дека се шири брзо, интересна тема како и да е… Се тестирав, не заради симптоми туку заради патување во странство и најбитно и до ден денес никакви симптоми. Немат полошо ко ќе се составуваат текстови по охридски кафани, без да се јавите и да прашате. Добра ноќ – напиша Пецаков на Фејсбук и притоа приложи и фотографија од тестот.
Демант пристигна и од секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.
Со оглед на тоа што во одредени портали бев спомнат дека неофицијално сум бил позитивен на COVID-19, еве официјално да пренесам дека сум здрав, жив и постпразнично расположен – напиша Китески на фејсбук.
Притоа и Пецаков и Китески приложија фотографии од негативните тестови.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град