Пецаков и Донев порачаа : Во следниот круг победата има да биде уште поголема

Уште еден чекор нѐ дели од она за кое сите се трудиме, за подобар Охрид, изјави денеска кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков. Тој се заблагодари на охриѓани за поддршката во првиот круг од изборите и заедно со претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид и носител на советничката листа Сашо Донев најавија поголема победа во втор круг.

 |   | 

Со огромно задоволство, но и одговорност пред сите вас, ја прифаќаме големата победа изразена со околу 2000 гласа разлика во првиот круг. Цел живот создаваш за да добиеш поддршка, изјави денеска кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков.  

Ја побаравме поддршката на охриѓани и ја добивме. Народот е свесен дека на Охрид и Македонија им се потребни промени. Ова е победа на сите што заслужуваат заедничка иднина. Избравте и вашиот глас искажан на мирните, достоинствени, фер и демократски локални избори мора да се почитува и понатаму. И на тие што гласаа и на оние што не гласаа. Благодарам мои охриѓани. И никогаш нема да ве изневерам – изјави Пецаков.

Уште еден чекор нѐ дели од она за кое сите се трудиме, за подобар Охрид, за Охрид на охриѓани, рече Пецаков на што носителот на советничката листа и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев се надоврза со зборовите дека во следниот круг победата ќе биде уште поголема, посилна и похрабра.

Денеска насекаде се слуша гласот на промените. На охриѓани им е доста од криминал, корупција, пазарења и непринципиелни коалиции. И како Претседател на Општинскиот Комитет и како носител на победничката Советничка листа заедно застанувамe гордо пред вас со цел реализација на сите наши идеи и проекти за Охрид – кажа Донев.

Нѐ чека работа, од денеска повторно на работа, за народот и решавање на сите проблеми на граѓаните. Ќе стигнеме до секој еден гласач затоа што потребни сме му сите заедно на Охрид, порачаа Пецаков и Донев.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top