Пецаков: 77 години слободен Охрид, години врежани во историјата на Македонија

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до охриѓани по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на градот Охрид.

 |   | 

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до охриѓани по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на градот Охрид.

Мои охриѓани, дозволете ми да упатам искрени честитки по повод празникот 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор. Храброста и херојските подвизи на борците против фашизмот никогаш нема да бидат заборавени, а слободата на Охрид за која се бореле има да ни биде вечна. Слобода која е симбол на непокор и пркос, заеднички долг кон нашите предци и вечен завет кон идните поколенија. Јас знам дека моите сограѓани се се мудри луѓе, затоа во ова време-невреме да бидеме достоинствени, да си го зачуваме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Новата светла иднина доаѓа, следуваат подобри времиња за сите во Охрид.

Нека ни е честит и вековит Денот на ослободувањето на Охрид, се вели во честитката на д-р Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top