Пазрот на недвижности во Охрид бележи континуиран пораст. Нашиот град е на трето место на државно ниво по продажба на недвижности, после скопските општини, Центар и Аеродром. Најголем бил интересот за купување на помалите станови до 45 квадратни метри, информираат од агенциите за недвижности од Охрид.
Туристичкиот бисер, Охрид, не само што е магнет за гости туку е и магнет за клиентите кои што сакаат да инвестираат во недвижен имот. Ако се погледнат сите аспекти, клима, еколошки незагадено место, природно, културно наследство, се тоа на потенцијалните инвеститори кои сакаат да потрошат средства купувајќи недвижнини им нуди еден опуштен живот, вели Наташа Спасеска Цветкоска, менаџер на агенцијата за недвижнини Капитал консалтинг Охрид. Таа открива каква структура на клиенти купуваат, во Охрид, а нагласи дека и пазарот на недвижности во Охрид е во пораст.
„Порастот на продажбате е некаде околу 10 % што како процент не е за потценување. Од аспект на структура на клиентела најчести купувачи кои што учествуваат со некаде 80% од вкупната продажба се клиенти кои што не живеат во Охрид кои што се останатите делови од Македонија или се наштите иселеници“
Најбарани и најинтересни за клиентите биле помалите станови, од 30 до 45 м2, вели Цветкоска. Додава дека после нив биле двособните, а најмал бил интересот за поголемите станови од 65 квадрати нагоре.
„Тие станови се користат за туристички потреби или за бизнис. Тие учесатвуваат од 40 до 50 % од интересот, за жал најмалку ги има во продажбата, бидејќи сега инвеститорите најчесто градат станови над 50м2 бидејќи тие им биле најисплатливи станови за продажба“
Во делот на реализирани продажби состојбата е поразлична и таа зависи од актуелната понуда, информираше Цветкоска. Тука најмногу учествуваат двособните станови околу 50 квадрати, потоа доаѓаат поголемите над 65, и на трето место биле помалите станови бидејќи најмалце ги има. Цената на становите бидејќи тие повеќе од 90% учествуваат во продажбата на недвижнини е стабилна последниве години, вели Цветкоска. Нивните очекувања се дека и во иднина така ќе остане бидејќи истата е реална. Тие се движат од 850 до 1200 евра за м2 во централното градско подрачје, со исклучок на оние станови кои се појавуваат на прва линија, а ретко ги има тука цената достигнува и до 2 000 евра и веднаш се купуваат, во останатите делови, населба Билјанини Извори, ул Даме Груев, 7 ми Ноември цените се од 650 до 850 евра.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град