Пазарните инспектори ги има насекаде!!!

BoshaleskiПазарниот инспекторат ја контролираше работата на  агенциите за недвижности. Биле повикувани лицата кои објавуваат огласи за продажба на станови на интернет порталите. Деновиве на мета на инспекторатот се и стоваришатта и квалитетот на градежните матријали кои тие ги продаваат. 

 |  Татјана Маленкова  | 

gradbaПазарниот инспекторат ја контролираше работата на  агенциите за недвижности. Биле повикувани лицата кои објавуваат огласи за продажба на станови на интернет порталите. Деновиве на мета на инспекторатот се и стоваришатта и квалитетот на градежните матријали кои тие ги продаваат.  

Пазарниот инспекторат со полни раце работа. Нивна најнова задача е воспоставување на ред кај агенциите за недвижности. „ Имавме одредени сознанија, поради кои ги проверивме сите интернет сајтови за да утврдиме кои физички лица се јавуваат како посредници за продажба на станови и апартмани“, вели началникот на пазарниот инспекторат Ѓорѓи Бошалевски.

„Тие лица од страна на инспекторите беа повикани и беше констаирано дека лицата кои се претставуваат како физички на сајтовите, имаат регистрирано фирми, меѓутоа повеќе лица се јавувале како оснивачи, а се рекламирале поединечно. На оснивачите на фирмите им беше кажано дека треба да престанат оваа дејност да ја вршат како физички лица и доколку се рекламираат да се преставуваат како фирма“, вели началник на пазарен инспекторат,  Ѓорѓи Бошалевски.

Тој додава дека деновиве се контролирала и работата на стовариштата за градежни матријали и градежни фирми.  Целта на контролите била да се  провери дали фирмите работат според законот за трговија.

„Доколку инспекторите се сомневаат дека одреден број градежни матријали  не ги исполнуваат сертификатите за квалитет и безбедност, односно докoлку ја нема соодветната ознака С.Е и М.К во тој случај се задолжува да го достават тоа на лице мсто и да го докажат потеклото на стоката“, додава Бошалевски.

Секој градежен производ треба да има документ за потекло на стоката, а истиот треба да биде внесен во докумнатцијата на фирмата. началникот на пазарниот инспектора уште додава дека во контролите се проверувале и тоа дали фирмите поседуваат сертификати за квалитет на матријалите кои ги продаваат.    
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top