Патиштата во Охрид препуштени сами на себе

Граѓаните нема каде да се обратат доколку имаат потреба од општински инспектор за патишта.Од локалната најавуваат дека набрзо ќе се реши овој проблем. Веќе се споменуваат имињата на оние кои ќе седнат на новите работни места.

 |  Николоска Биљана  | 
ulica
улица

Граѓаните нема каде да се обратат доколку имаат потреба од општински инспектор за патишта.Од локалната најавуваат дека набрзо ќе се реши овој проблем. Веќе се споменуваат имињата на оние кои ќе седнат на новите работни места.

ulicaВо Охрид нема општински инспектор за патишта.  Согласно законот, мора да постои овластено лице кое будно ќе ја следи состојбата на патиштата во градов. Неговата улога би била увид и контрола над сите легални и нелегални инфраструктурни зафати.

Одговорниот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски вели, дека подолго време општина Охрид нема назначен инспектор по патишта. Потребата од ваков кадар е голема па заради тоа ова место веќе е предвидено со новата систематизација.  

ТВМ дознава дека Митко Талески и Игор Петрески, се новите имиња кои ќе ја превземат одговорноста за локалните патишта. Тие најдоцна до почетокот на летната сезона треба да официјално да бидат назначени на овие работни места. Талески со кој Твм контактираше рече дека прв пат од нас слуша за ваквата намера на локалната. Тој додаде дека доколку Градоначалникот му ја довери оваа позиција подготвен е да се фати во коштец со големиот број проблеми кои се наталожени во оваа свера.
Во тек е изработката на новиот правилник за систематизација на работни места во општината, велат од одделението за управување со човечки ресурси. Правилникот го донесува градоначалникот, ние го изработуваме, добиваме мислење од Агенцијата за државни службеници, оди на огласна табла и после тоа може да се примени вели раководителот на одделението за управуавње со човечки ресурси Ранко Крстевски.  Тој додаде дека најдоцна до февруари наредната година ќе биде комплетиран новиот правилник, во кој се предвидени многу нови работни места во општина Охрид. Крстевски потенцираше дека во зависност од потребите на градоначалникот на некои од нив се дава приоритет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top