Патот кој води кон комплексот – Плаошник, опасност за минувачите

Обилните врнежи и археолошките зафати кои се одвиваат на локалитетот причина за паѓање на дел од потпорниот ѕид.

 |  Голабовски Крсте  | 
Plaoshnik
Плаошник

PlaoshnikОбилните врнежи и археолошките зафати кои се одвиваат на локалитетот причина за паѓање на дел од потпорниот ѕид. Од Национална установа – Завод за заштита на културните споменици и националниот Mузеј, смируваат. Со санација ќе започнат веднаш штом ќе дозволат временските услови.

Единствениот приод кон комплексот „Плаошник“  видно оштетен. Граѓаните од стариот дел реагираат дека ситуацијата е алармантна. Речиси половина од ѕидот е срушен во локалитетот. Но, од Национална установа – Завод за заштита на културните споменици и националниот Mузеј велат дека место за паника нема.

Директорката на Заводот за заштита на културните споменици и националниот Mузеј, Тања Паскали-  Бунташеска, изјави дека секојдневно се следи ситуацијата и подготвени се да реагираат и да започнат со санацијата, веднаш штом им дозволат временските прилики. Отстранет е дел од металната ограда со цел да се намали тежината врз ѕидот. Исто така поставени се и привремени метални и дрвени потпори за да се спречи рушењето на останатиот дел од ѕидот. Бунташеска додава дека, финансиски средства има доделени од Министерството за култура за проектот на Плаошник.

Пред нас е почетокот на новата туристичка сезона и екскурзиите со кои истата започнува. Од околу дваесетте илјади туристи кои годишно го посетуваат Охрид, сигурно половината од нив доааѓаат да го видат Комплексот Плаошник. Би било лошо да дозволиме туристите да ја затекнат ваквата слика, бидејќи непоовлните временски прилики може и да потраат. Да не ни се случи, Плаошник од најпосетуван комплекс, да стане место кое туристите ќе почне да го заобиколуваат.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top