Охриѓанец се жали дека ќе остане без последните 50 метри квадратни од своето дворно место.
Неговиот двор ќе биде искористен како пешачка патека и пристап до соседната зграда, кажува Ристо Наумоски. Од Секоторот за урбанизам информираат дека тие не ги изработуваат плановите туку само ја водат постапката.
„Мојот двор сакаат да го искористат како пасаж“, се жали Ристо Наумоски. Тој вели дека поголемиот дел од неговото дворно место со големина од 50/м 2 ќе биде искористен како пристапна патека за потребите на соседната зграда. Наумовски додава дека за оваа постапка не бил ни консултиран, ни навремено информиран.Од Одделението за урбанизам пак велат дека секој кој поднел анкетен лист добил или ќе добие одговор.
Од Секторот за урбанизам потенцираат дека тие само ја водат постапката, свикуваат комисија која се состои од еден од планерите, еден претставник на општината и еден независен член по што се разгледува предлог планот. Што се однесува пак до изработката на Деталните урбанистички планови, тоа го прват специјализирани фирми. Наумоски револтирано вели дека тоа не е негов проблем. „Едноставно не сакам секој ден под мојата тераса да минуваат над триста лица“, додава тој.
Наумоски кажува дека стариот пасаж на соседната зграда ќе биде затворен, а како пасаж, односно пристапна патека ќе се користи неговиот двор. Од урбанизам пак информираат дека делот за кој зборува Наумоски е предвиден за пешачка патека. Што се однесува до причината за ваквата постапка, од општината велат дека секогаш инсистираат кај планерите, при изработката на ДУП-вите максимално да ја почитуваат сопственоста. Додаваат дека изработката на оваа пешачка патека е од општо добро, слично како во случаите кога се граделе пристапните патишта до куќата на Наумовски.
Инаку куќата на Наумовски е дел од Урбаната заедница 2, урбан блок 2,3 катастарска парцела 1,9. Инаку ТВМ неофицијално дознава дека од утрешната 18-та седница на Советот на општината се повлечени сите предлог одлуки кои се однесуваат на донесување на ДУП-ви за неколку урбани заедници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град