Партиите со завршни зборови пред молкот

Од вечерва на полноќ  забрането е водење политичка кампања во која било форма. Денешниот ден партиите го искористија за прес конференции и завршни зборови.

 |  Мишел Наумоски  | 
izbori
избори

SDSMСлободни, а не партиски медиуми-вака беше именуван последниот прес на СДСМ-Охрид пред изборниот молк. Од таму, кандидатот за пратеник, Митре Велјаноски порача дека Новата влада која тие ќе ја формирале немало да врши никаков притисок врз медиумите. Велјаноски додаде: „Новата влада, за разлика од актуелната нема да биде главен и одговорен уредник на медиумите во државата.“ Тој вети и целосна трансформација на Македонската радиотелевизија во модерен радиодифузен сервис за сите граѓани.

VMRO DPMNEЗавршивме уште една кампања, уште еден процес на доближување на демократијата во Охрид, во Република Македонија-велат од ВМРО ДПМНЕ. Координаторот на советничката група на оваа партија, Дејан Паноски вели овие 20 дена кампањата ја водевме согласно концептот на партијата, максимално позитивно и не навредивме никого. Од ДПМНЕ изразија надеж дека граѓаните успеале доволно да се запознаат со отчетот и манифестот на партијата и по 5ти Јуни заеднички со нив да ги продолжат реформите.

VMRO-NPВМРО Народна е единствена која водеше позитивна кампања во изминативе 20 дена-вели кандидатот за пратеник од Народна, Ванчо Костоски. Тој додаде дека по петти Јуни, ВМРО Народна ќе се фокусира на 4 основни столба,и тоа демократизација на државата, намалување на казнената политика, влезот во ЕУ и НАТО како и развој на економијата. Од ВМРО-Народна велат дека гласови очекуваат и од лево и од десно ориентираните гласачи, но и од неопределените.

ZernovskiОд Либерално демократската партија крајно незадоволни од нивото на политичка култура и дебата помеѓу двете најголеми политички партии. Кандидатот за пратеник од ЛДП, Андреј Жерновски вели и ВМРО ДПМНЕ на централно и СДСМ на локално ниво вршеле невиден притисок врз граѓаните. Жерновски додаде дека ЛДП е единствената партија која во изминатите 20 дена понудила конкретни проекти.

VMRO DPMNE StrugaВо комплетен состав на струшката структура на ОК на ВМРО – ДПМНЕ (Струга) се обрати кандидатот за пратеник Надица Николоска. Таа уште еднаш потенцира дека се ближи денот на се поизвесната победа  на ВМРО – ДПМНЕ и граѓаните. Николоска додаде дека доаѓа времето да се исполни заклетвата која е дадена пред неколку години, а тоа е да го казнат и испратат во историјата, човекот кој ги понижи и кој ги навреди. Таа од своите граѓани очекува да кажат да за реформите и напредокот, а не на вечната транзиција и уништувањето.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top