Реализирана е првата зона. Годинава следуваат многу новитети, плус 40 нови паркинг простори. Косо паркирање е добар начин за уредувањето на паркинг просторите.
Зонското паркирање во Охрид функционира. Добар дел од улиците во градот имаат простор за ваков вид паркирање. Она што годинава се работи во Скопје во однос на паркирањето, во Охрид е воведено уште пред четири години, вели Зоран Шикалоски од Одделението за комунален развој и сообраќај. Тој додава дека мора да се земе предвид разликата која е во територијалната поставеност и големината на градовите.
Шикалоски веќе го најави вториот дел на зонирањето во Охрид. Како што кажа, извршена е сондажа на паркинг просторите во Охрид и годинава планирано било да се реализира дооформувањето на сите паркинг простори согласно урбанистичкиот план на оние улици каде е предвидено.
Шикалоски вели дека паркинг просторот отсекогаш е болна точка во Охрид посебно во сезона.
Од локалната сериозно размислуваат, на дел од некои улици, како што е тоа „Димитар Влахов“ и „Партизанска“ да се воведе косо паркирање наместо надолжно, како би се добило плус паркинг простор.
Како посебно сериозен проблем со паркирањето од повеќе причини е и ул „Туристичка“, признава Шикалоски. На оваа улица транзитира 70% од моторниот сообраќај кој влегува во Охрид и прави оптеретување. Затоа се бара сериозен пристап за решавање на овој потег, додава тој.
Соодносот на возила-паркинг е многу голем во корист на возилата,па затоа мора да се реши и стационарниот и динамичкиот сообраќај, смета Шикалоски. Според него во Охрид мора да се обезбедат места за паркинг каде што нема да се наплатува. Тие би биле во близина на центарот, а не во самиот центар. Во иднина од локалната размислуваат и за воведување на некои новини во стариот дел на градот. После неколку години планирана е целосна забрана за сообраќај и тоа со цел граѓаните кои живеат таму да имаат помирен живот. За нивните возила нема да има пропусници туку на рампите ќе се инсталира систем со специјални уреди кои ќе ги препознаваат тие возила, вели Шикалоски.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град