Паркинзите повторно на менито на ВМРО – ДПМНЕ

Паркинзите и досегашниот начин на стопанисување со истите, тема на денешниот прес на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Од таму јавно ја повикаа антикорупциската комисија да се позанимава со последниот распишан тендер за концесионирање на паркинзите во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
vmro
вмро

parkingТендерот за стопанисување со паркинг просторите на улиците во Охрид, претставува криминално и коруптивно дејство на градоначалникот Петрески, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Гласноговорникот Никола Митровиќ, потенцираше дека ова е чин на уништувње на градот од страна на градоначалникот.

„Петрески се дрзна на два месеци пред заминување да распише тендер за стопанисување со паркинг простори на улиците на Охрид. Тоталното отсуство на знаење на Петрески и неговите тнр.експерти за сообраќај. Со овој чин го загрозуваат одвивањето на сообраќајот по улиците на Охрид претворајќи го во паркинг места а од друга страна создаваат проблеми на жителите кои имаат свои домови на овие улици и кои ќе останат без пристап за сопствените возила“– вели Митровиќ.

mitrovicМитровиќ исто така укажа дека дури сега до израз доаѓа криминалната политика на Петрески, во која дозволил да се изградат згради без адекватни сообраќајни и паркинг рашенија, но не испушти да нагласи  дека со издавањето на паркинг просторот во градот, Петрески остварува и лична добивка. Па оттука  му порача.

„Го повикуваме Петрески да престане да си игра со Охрид и кога веќе конечно заминува да не прави штета на иднината на Охрид.  Петрески си измислува хајки но вистината е дека Петрески 8 години вршеше хајка врз Охрид. Му порачуваме да си оди без нанесување штета врз градот. Воедно јавно ја повикуваме Антикорупциската Комисија да реагира на ваквото распишување на тендер од аспект на периодот во кој тој се распишува“.

Од ОК на ВМРО- ДПМНЕ, обвинуваат дека со издавањето на паркинзите се отворија големи проблеми во градот, до отпор на туристите и до криминални потфати од типот на незаконско зголемување на цените, како и дивјачко однесување на концесионерите кон граѓаните, туристите па и кон новинарите. Воедно најавија дека  ВМРО – ДПМНЕ после локалните избори управувањето со Охрид ќе го концепира на транспареннтен начин од кој ќе имаат корист Јавните претпријатија и граѓаните на Охрид, а не поединци и групи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top