ЈП„Биљанини извори“ во партнерство со приватен субјект,ќе имплементираат електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори. Политичките субјекти реагираат.
ЈП„Биљанини извори“ во партнерство со приватен субјект,ќе имплементираат електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори. Политичките субјекти реагираат.
На седницата на Советот на општината закажана за овој вторник, на дневен ред ќе се наде точката поврзана за стопанисувањето со паркинг просторите во градов. Советот ќе треба да гласа за донесување на Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори.
Од ВМРО – Народна партија од Охрид најостро реагираат на најавата за превземање на паркинзите во Охрид со јавно – приватно партнерство и прашуваат дали со воведувањето на електронскиот систем ќе се отпуштат работниците кои сега работата на паркинзите?
Од Јавното Претпријатие “Билјанини Извори“, реагираат дека ова ЈП бара партнер со кој што заедно ќе набават опрема за модерно функционирање на претпријатието. Таа опрема максимално ќе ја подобри наплатата на паркинзите а со тоа логички ќе се зголеми профитот на претпријатието и ќе се создадат реални услови за отворање на нови работни места. ЈП “Билјанини Извори“ со новата опрема и воведување на новиот систем на наплата , финансиски ќе се стабилизира и ќе нема никаква потреба луѓето да заминуваат од работа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град