ЈП Билјанини извори ги издава под закуп паркинзите

ЈП Билјанини извори издава под закуп дел од јавните паркинг простори со кои стопанисува.

 |  Маленкова Татјана  | 
parkinzi
паркинзи

ЈП Билјанини извори објави оглас со кој издава под закуп над 200  паркинг места на атрактивни локации во parkinziцентарот на Охрид. Оваа одлука која Управниот одбор на ЈП ја донел пред една недела ја разбранува јавноста, затоа што пред само неколку месеци на седница на Совет се кршеа копја по завршувањето на договорот со екс концесионерот, паркинзите да ги добие ЈП Билјанини Извори. Изненадува фактот што, кога на 27-ми април годинава општина Охрид со предлог одлука на Советот конечно му ги отстапи на користење паркинг просторите на Билјанини извори,  ЈП наместо да ги работи, одлучи да ги издаде на друг. А нели требале да бидат решение за финансиската криза во кое се наоѓа ова ЈП.

Во краткиот телефонски разговор директорот на ЈП Боро Шаин  истакна дека ова е најдоброто решение кое го донел УО, затоа што ЈП нема доволно кадар, но и дека треба многу да инвестира во паркинзите за да може непречено да работи – секако ова подразбира да сe набавaт скапи рампи, автомати и паркинг часовници, како и да се вработат нови 20 тина луѓе.

Со ова не се сложува извор на ТВМ, кој сакаше да остане анонимен. Тој Тврди дека дека дел од членовите на УО видно се противеле на предлог одлуката паркинзите да се издаваат под концесија, по што по вербалната пресметка, членовите на УО се пресметале и физички и тоа пред ЈП Билјанини извори. Дополнително првичната предложена сума од 300.000,00 денари месечен закуп, двојно се  намалила и била изгласана нова одлука за месечен закуп од 160.000,00 илјади денари. Останува нејасно со каква калкулација е дојдено до првата цифра и зошто истата претрпела измена во рок од неколку дена.

За воља на вистината, изворот за ТВ М потврдува дека ЈП навистина има финансиски проблеми. Како доказ за ова и посочи дека за неполни три месеци од кога ЈП ги доби паркинзите, Билјанини извори претпрпело загуба од над 400 000 денари, пари кое ги дало за плати и придонеси за вработените на паркинзите, но и за кирија за паркинг часовниците, кои му ги плаќало на еск концесионерот. Но тоа е дополнитѕелно прашање зошто менаџментот на ЈП не се подготви со време за подомаќинско стопанисување со паркинзите? На крајот на краиштата пред неколку години и самото име на ова ЈП се промени во субјект за стопанисување со паркинг простори што значи дека имале доволно време за подготовка.  

Исконтактиравме и со претседателот на УО Ружди Муфти кој дел од информациите ги потврди, а за дел не упати да се обратиме во локалната самоуправа.
parkinzi
Инаку во огласот објавен во дневниот весник Нова Македонија на 21 јуни  стои дека под закуп се издаваат: Паркинг просторот кој се протега на дел од Ул.Македонски просветители од
пресекот со Ул. Булевар Туристичка до крај вклучувајќи го и кружниот тек на сообраќај со вкупно 162 паркинг места, Паркинг просторот кој се протега на дел од ул.Партизанска, Македонски Просветители, Кеј Маршал Тито заедно со паркингот Ривиера, со вкупно 99 паркинг места,  Паркинг просторот кој се протега на дел од ул. Кеј Маршал Тито од пресекот со ул. Бул. Мак. Просветители, со вкупно 47 паркинг места.

Почетната цена за јавното наддавање за годишна закупнина изне- сува: 1.920.000,00 денари со вклучен ДДВ или нешто повеќе od 30 000 евра годишно, oдносно 2600 евра месечно. Јавното наддавање ќе се спроведе на 04. јули, а учесниците кои според огласот мора да се фирми кои работеле и одржувале паркинг простори, најмалку 4 години, и ќе можат да се наддаваат  со зголемување на почетната сума за 10.000,00 денари.  

Кандидатите кои ќе се наддаваат за паркинг просторите треба да превземат 12 вработени за цело времетраење на договорот, да ги сносат сите трошоци за нормално функционирање на паркинг просторите, трошоци за одржување и опремување, како и трошоците за комунална такса во висина ид  20 денари
дневно по паркинг место. Идниот концесионер треба  да набави 5  паркинг апарати со кои ќе стопанисува, 3  влезни и 3  излезни рампи и соодветни влезно-излезни апарати, 3 наплатни куќарки и соодветна инсталација и софтвер.

Идниот концесионер кој со паркинзите ќе стопанисува на 5 години нема да може истите да ги издава под закуп, а плаќањето на закупнината ќе треба да ја врши месечно, а парите ќе се слеваат во касата на ЈП Билјанини извори.

{loadposition contetn9]

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top