Паркинг ни за лек

Охриѓани и бројните гости маки мачат за паркирање на своите возила.

 |  Николовска Билјана  | 
soobrakaen znak
сообраќаен знак

Охриѓани и бројните гости маки мачат за паркирање на своите возила. Проблемот се провлекува повеќе години, а надлежните неможат да најдат решение кое во целост би ги задоволило потребите на охриѓани и многубројните гости кои доаѓаат во градот.

ulicaКаде да паркирам? Прашање кое се поставува постојано.  Паркинг просторот болна точка посебно во летниот период. Во Охрид изминатиов викенд имаше околу15 000 илјади возила со кои буквално се блокира градов. Надлежните велат дека се подготвува стратегија за решавање на сообраќајната инфраструктура, но се скептични дека и со неа ќе се реши проблемот. Зоран Шикалоски, одговорниот од одделението за комунални работи и сообраќај вели дека уште есенва локалната самоуправа ќе ги изгради долго најавуваните катни  гаражи.
Од локалната самоуправа излез од ваквата ситуација гледаат и во отпочнување на реализација на урбанистичките планови  во кои точно е зацртано каде треба да има паркинг простор. Од таму додаваат дека потребно е и да се прошири опфатот за паркинг просторот каде ќе се наплаќа.
Покрај уредени паркинзи во градов постојат и јавни површини наменети за паркирање. Но за жал дел од нив не можат да се користат бидејќи се узурпирани заради изведба на градежни работи. Од секторот за урбанизам велат дека тоа законски не е дозволено.
Со одлука на општинскиот совет јасно е прецизирано, дека од први јули до први септември има забрана за градба јужно од булеварот „Туристичка“ према Охридското езеро и 50 метри северно.
Иако теоретски работите изгледаат идеално, на терен состојбата е сосема поинаква. И во шпицот на сезоната се гради при тоа узурпирајќи јавна површина и скратувајќи го просторот за паркинг. За ваквата состојба од Секторот за урбанизам топката ја префрлаат кај Општинскиот инспекторат.Танас Танасоски, одговорниот на општинскиот комунален инспекторат, вели дека инспекторите веќе имаат дадено налог за неколку мандатни казни за непочитувачите на законот за градба.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top