Паркинг места со изградба на гаражни куќи

За првиот ваков објект планската документација е завршена и доставена до министерството за транспорт и врски.

 |  Татјана Маленкова  | 
znak soopbrakaen
знак сообраќаен

За првиот ваков објект планската документација е завршена и доставена до министерството за транспорт и врски. Се чека ресорното министрво да објави тендер за изградба на истата.

паркинг просторОхрид ќе добие три гаражни куќи. На овој начин локалната планира да го реши проблемот со недостаток на паркинг места во градов. Првата гаражна куќа спред плановите на општината ќе биде во градскиот пазар, втората пред Горна Порта и третата во спортскиот центар Билјанини извори.

„За Гаражната куќа во скоп на  градскиот пазар завршена е планската докуметација и е доставена до министерството за транспорт и врски каде е започната постапка за распишување на тендер.
За гаражната куќа во спортскиот центар планот е во завршна фаза од постапката и во теков на оваа работна недела ќе биде доставен до министерството за транспорт и врски  и мислам дека најкасно до декември и ќе се усвои на седница и за таа гаражна куќа ќе може да почне постапка за реализација на истата“, вели Арнаудов.

И планот за спортскиот полигон кој е сопственост на Гранит  е веќе готов. Таму има само некои правни формалности кои тереба да се регулираат околу земјиштето и реализацијата и на тој простор, вели Арнаудов.

Раководителот на секторот за урбанизам додава дека локалната ќе направи се да ги спроведе препораките на УНЕСКО за заштита на Охридското езеро. „За скоро време мора да се направи дислокација на сообраќајот во близина на водената површина кон внатрешноста на градот.  Ова може да се реализира исклучиво откако ќе се изградат гаражните куќи. Само тогаш можеме со  сообраќајот и паркирањето н автомобилите да ги дислоцираме од приобалниот потег и стариод дел на градот, вели Арнаудов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top