Доцнат работите околу изградбата на новиот детски парк во близина на музичкото училиште. Иако беше ветено дека овој проект ќе биде реализиран до празникот Водици на терен нема уште ништо на повидок. Од Локалната велат дека за тоа се виновни непогодните временски услови и ветуваат дека за три недели паркот ќе биде готов.
Стагнираат работите околу уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште на кој треба да се направи нов детски парк. Иако од локалната пред еден месец најавија дека на овој простор до 19ти јануари, на големиот христијански празник Богојавление-Водици ќе се реализира овој зафат, сеуште ништо на повидок. Портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски објаснува зошто закочија работите.
Знаете дека изминатиов период Охрид го зафати едно снежно невреме, а имаше и многу ниски температури па не можеше да се работи на терен. Сега службата за комунален развој направи нов оперативен план па во најскоро време ќе се реализира овој проект на Локалната, вели Џамтоски.
Џамтоски оптимистички најавува дека паркот ќе биде направен во наредните три недели.
Инаку овај проект е дел од програмата на Локалната чија цел е да ги оплемени деловите на градов кои досега биле грда слика на Охрид. Локалната самоуправа заедно со јавните претпријатија од сопствени средства ќе го гради овој современ плоштад. Малиот плоштад треба да содржи убаво уредени пешачки патеки, ќе биде партерно и хортикултурно уреден,осветлен со канделабри, странично и подно осветлување, а ќе се постават и детски реквизити.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град