Од ТЛЕР аплицираа со 12 проекти кои се доставени до различни фондации и институции и за кои очекуват да добијат половина милион евра. За прв пат оваа година аплицираа и со проекти за рурален развој.
Еден милион евра треба да влезат во градов доколку бидат прифатени сите проекти со кои аплицираше Секторот ТЛЕР до различни фондации и институции од Европа и пошироко. Најголем дел од проектите се доставени до програмата за прекугранична соработка на ИПА фондовите и тоа во соработка со Р. Грција.
Во четири проекти Општина Охрид се јавува како водечки партнер. Вкупната вредност на овие проекти се движи околу 550 000 евра, вели Горан Мицковски од ТЛЕР.
Мицковски потенцира дека примарната функција на овој сектор е максимално искористување на можностите кои постојат за извлекување финансиски средства од ЕУ во делот на програмите за прекугранична соработка кои во овој момент се и најдостапни.
ИПА програмите 2007- 2013 завршуваат оваа година a стартуваат шестгодишните програми 2014-2020. Новина е тоа што тие ќе бидат распишувани интегрално за секоја земја посебно а не како досега во пакет. Од Секторот за ТЛЕР уште одсега се подготвуваат со нови проекти да влезат во новата програма.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град