Пандев денес го игра последниот натпревар за Македонија

Денеска од 18:00 часот на Јохан Кројф арената во Амстердам репрезентацијата на Македонија ќе го одигра третиот меч на Европското фудбалско првенство овојпат против репрезентацијата на Холандија.

 |   | 

Ова ќе биде дуел за престиж, односно за први и единствени бодови на континенталното првенство, историско за Македонија.

Сонот на многу генерации е остварен, а денешниот меч со „лалињата“ ќе биде посебен за нашиот капитен Горан Пандев кој најави дека го игра последниот натпревар за Македонија во кариерата.

Секој меч за мене во репрезентацијата е емотивен и сигурно дека ова за мене ќе биде посебен натпревар. Среќен сум што се опростувам на едно големо натпреварување, бидејќи мојот сон, не само мој, туку на сите, се оствари, изјави Пандев.

Во нашата група се среќеваат уште екипите на Украина и Австрија, додека пак во Б групата од 21:00 часот Финска во Санкт Петербург ќе игра со Белгија, а во истиот термин Русија во Копенхаген ќе се соочи со Данска. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top