Ново стара предлог-програма за поставување урбана опрема. На денешната седница беа изгласани новите урбанистички решенија за поставување урбана опрема.
Советниците ја изгласаа годинешната предлог-програма за поставување урбана опрема. Според неа на површината меѓу трговскиот центар Амам и угостителскиот комплекс Летница по пешачката улица „Свети Климент Охридски“ е планирана за изработка и продажба на уметнички слики и изработка на портрети. Презентација и продажба на народни ракотворби ќе има на Сараиште, од дворното место на Куќата на Уранија, пред куќата на Христо Узунов. Книги ќе се продаваат на старото место, на просторот меѓу трговскиот центар Амам и комплексот Летница по троторарот на улицата „Македонски Просветители“. Со новата предлог-програма е планирано тезгите да бидат типизирани и унифицирани, рече Сашо Доневски, советникот од ВМРО ДПМНЕ.
Со цел посетителите и туристите да имаат полесен пристап до информациите за недвижното културно наследство, за културно-историските споменици, општината во предлог-програмата за поставување урбана опрема предвидува и три културни центри. Едниот на проширениот простор на кејот од Охридското Езеро пред пристаништето, другиот помеѓу трговскиот центар Амам и комплексот Летница и третиот на плоштадот Чинар. Новина во годинешната програма за поставување урбана опрема се покриените и отскриените шанкови кои го доведоа до дилема советникот од редовите на ВМРО НП, Јоне станкоски кој запраша дали сумата од 10 000 ден. По метар кбадратен е сума само за шанковите или и за урбаната опрема која ќе се поставува пред нив. Бранко Арнаудов, раководителот на Секторот за урбанизам кој е изготвувач на годинешната предлог-програма за поставување урбана опрема појасни за што точно станува збор. Тој рече дека оваа сума е само за шанковите, а за урбаната опрема дополнително ќе се одреди колкт таа ќе изнесува. Советниците продискутираа и за урбаната опрема која ќе се поставува на потегот од Горна Порта до Плаошник и Самоиловите тврдини.
Инаку, Охрид конечно ќе добие и јавни ВЦ-еа. Јавни санитарни јазли се планирани на локалитетот Плаошник, кај амфитеатарот, на плажата Сараиште, како и на кејот пред хотелот „Палас“.
На спортско-рекреативниот центар „Атина Бојаџи“ и натаму ќе се поставуваат реквизити за детски игралишта, картинг, опрема за одржување циркуз и слично.
Советниците повикаа инспекциските служби поодговорно да си ја вршат работата за ова што денес го изгласаа да не остане само на хартија туку да се спроведе и во пракса.
[loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град