Апр 16, 2021

На распит приведен поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски

Полицијата утрово го привела доскорешниот секретар во премиерскиот кабинет и екс генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција претходно донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција, пренесуваат националните медиуми. Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев. Се очекува Рашковски и Станчев да бидат изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд – Скопје. …

Мар 4, 2014

Митровиќ: Господo од СДСМ, критиките свртете ги кон вас

На денешната прес конференција на ОК на ВМРО – ДПМНЕ портпаролот Никола Митровиќ кажа дека сака да ги потсети, како што рече, новите гласноговорници на СДСМ на осум годишната голгота на градот. Митровиќ рече дека СДСМ го остави Охрид  во 33 милионски долг, кој ДПМНЕ се обидува да го анулира. Исто така посочи дека  ВМРО ДПМНЕ се обидува да го реши урбаниот хаос и пренатрупаната и неефикасна администрација која ја наследиле од СДСМ.„Затоа, ВМРО ДПМНЕ ја разбира вашата потреба од медиумски простор, ја разбира Вашата потреба особено на оваа помлада генерација на СДСМ да се биде на челни места  …

Мар 4, 2014

Охридската СДСМ бара одговори од охридската ВМРО ДПМНЕ

Од  Општинската организација на СДСМ на денешната пресс конференција истакнаа дека зголемувањето на пензиите, зголемувањето на платите на администрацијата, минималната плата, и вработувањето на ранливите категории граѓани  е тешка предизборна манипулација. СДСМ од Охрид упорно бара ДПМНЕ од Охрид да и одговори на охридската јавност што е направено и реализирано од ветеното од страна на актуелната општинска власт, а ВМРО ДПМНЕ од Охрид упорно зборува само за поранешната општинска власт, велат од Општинската организација на СДСМ. -СДСМ целосно ја понесе одговорноста со тоа што ја изгуби локал…

Мар 4, 2014

МСО со работилница за позитивните вредности кај учениците

Младински Совет Охрид, продолжувајки со реализација на програмата за промоција на позитивни вредности, реализираше работилница на тема,„Креирање на позитивни вредности“.Во оваа фаза реализирана е работилница за хетерогена група од 35 ученици, на возраст од 14 години, од сите основни училишта во Охрид, Лескоец, Велгошти и Пештани.Целта на оваа креативна работилница беше да се излистаат позитивните вредности кои на учениците би им дале насока за правилно функционирање и развој на нивната личност. Преку активности за истакнување на она што им е најзначајно во животот како здравје, среќа, љубов…

Мар 4, 2014

Охриѓанец заработи кривична пријава за изнуда

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Изнуда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33- годишен охриѓанец.Пријавениот, на 25-ти минатиот месец, околу 21.20 часот на улицата „Македонски просветители“ пресретнал сограѓанин и со рака го удрил во пределот на лицето, нанесувајќи му црвенило и лесни повреди. При тоа, му упатил сериозна закана, барајќи му 1000 евра или замена за месо и пијалоци во износ од 2000 евра. Потоа повторно го  удрил со рака заканувајќи му се настанот да не го пријавува во полиција.Пријавениот е лице познато на службата против кого СВР Охрид  по р…

Мар 4, 2014

Што се случува во „Охридскиот народен театар“?

Веќе два месеци од новата 2014-та година, без претстава во Охридскиот театар. Не само што охридската публика не виде ниту една од најавените премиери, туку веќе неколку месеци не се прикажуваат ни репризни изданија на претставите од репертоарот.Мината година охридската театарска сезона наместо домашните актери ја отворија велешките од театар Џинот, со претставата „Ноќите во бел сатен“Повеќе информации, проследете во денешеното издание на Дневникот на „ТВМ“ Телевизија. Во 17, часот.{loadposition content9}

Мар 4, 2014

Без подмирени обврски, нема локација за урбана опрема

Од локалната самоуправа ги известуваат сите корисници на простор на кој имаат поставено урбана опрема, а кои не ги подмириле обврските за 2013 година, истото да го сторат најдоцна до четврток 06.03.2013 година.Оттаму додадаат дека во спротивно, ќе бидат активирани издадените прекршочни пријави, а предметните локации нема да се земаат предвид при изработката на Програмата за поставување на урбана опрема за 2014 година.{loadposition content9}

Апр 16, 2021

Македонија доби „Златна награда за дестинација за патување” од страна на холандските туристи

Првата награда за дестинација за патување и припадна на РС Македонија. “Златна награда за дестинација за патување” (Golden Travel Destination Award) е резултат на гласање спроведено од страна холандските туристи коишто имаа задача да ја оценат нивната посета во странска земја којашто ја посетиле и воедно да потенцираат што е тоа што најмногу им се допаднало. Највисоко е оценета локацијата на државава со 8.2 поени, рестораните со 8.1 и културата со 8 поени од можни 10 поени. Гостомпримството е оценето со 7.9, додека локалитетите со 7.8. Од градовите највисоко котира Охрид (8.1), а веднаш зад…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top