Мар 5, 2014

Домашна визита за сите стари лица

„Домашна визита“ е проект на превентивни здравствени прегледи. Старите и изнемоштени лица во охридскиот регион кои што не се во можност да вршат редовни контроли и прегледи, од месец ноември минатата година во нивните домови ги посетува поливалентната служба. Имено, патронажните сестри во нивните домови, како што рече првиот човек на ЈЗУ Здравствен дом, д-р Митко Дабески, вршат прегледи како мерење крвен притисок, шеќер во крвта, хемоглобин, холестерол, а во определени случаи и ЕKГ прегледи.„Имаме еден акционен план, една динамика на посета од тие 13 патронажни сестри, тие одат во домот ги …

Мар 5, 2014

ЛДА од Струга го реализира проектот, „Сино и зелено наспроти црно и сиво“

  По повод 5 март – Светски ден на енергетска ефиксаност, тимот од Локалната агенција за развој, Струга која го спроведува проектот „Сино и зелено наспроти црно и сиво”.Од ЛАР велат дека трошиме речиси двојно повеќе енергија од европскиот просек. Во таа смисла потребна ни е поширока акција за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија. Токму енергетската ефикасност значи намалување на енергетската потрошувачка без притоа да се наруши комфорот на животот и работата на населението. Едно од решенијата е и инвестирање во обновливите извори на енергија.  Обновливите извори н…

Мар 5, 2014

Двајца кичевчани „оперирале“ низ Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 17 казнени дела „Кражба“ и „Тешка кражба“ СВР Охрид  поднесе две кривична пријава против А.Ф. (27), Б.Р. (27) двајцата од Охрид како и А.Е. (19) и Е.Б.(37) двајцата од Кичево.Пријавените А.Ф. и Б.Р. кривичните дела ги извршиле во текот на изминатите два месеца со насилно кршење на вратите и прозорците. Така од објектот каде се наоѓаат водните пумпи за општината Дебарца бесправно одзеле електромотор со кабли, потопна пумпа, наставци за метални цевки и неколку рачки за округли шибери. Двајцата пријавени од работна машина сопственост на „Охр…

Мар 5, 2014

Ново збогатување на книжниот фонд на охридската библиотека

Наскоро корисниците на услугите на НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид ќе имаат можност да ги изнајмуваат книгите „Ромски фолклор”, „Етнички и културни карактеристики на ромите” и ,,Граматика на ромскиот јазик” од д-р Трајко Петровски – научен советник во Институтот за фолклор од Скопје.Покрај овие наслови, Библиотеката го збогати фондот со повеќе нови книги: „Септемвриски светлини” – Карлос Руиз Зафон, „Љубовникот на куртизаната” – Габриела Ким, „На бал со кралот” – Розалинд Лејкер, „Допирот на музиката” – Дафне Калотеј, „Кој тропа на прозорецот” – Линвуд Баркли и многу други.Книгите се…

Мар 5, 2014

Охридската градинка „Jасна Ристеска“ воведува скратена програма

Поради големиот интерес за згрижување на најмладите охриѓанчиња, охридската градинка „Јасна Ристеска“ од 15- ти март ќе отпочне со примена на скратена програма, секој ден од 9 – 12 часот. Од градинката информираат дека децата кои ќе се опфатени со скратената програма ќе ги следат само воспитно – образовните активности во воспитните групи,без оброци.Програмата ги опфаќа децата од 3 – 6 годишна возраст.Заинтересираните родители да се јават во Управата на градинката, во објектот ,, Централна’’ или на телефон 046 – 231 – 645.Повеќе информации во денешното издание на Дневникот на „ТВМ“ во 17:00 …

Апр 16, 2021

17 прекршувања на забраната за движење, 511 санкции за неносење маска

Од 20.00 часот (15.04.2021) до 05.00 часот (16.04.2021) констатирано е дека 17 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (15/16.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 511 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Мар 5, 2014

Волонтерите од Црвен Крст, повторно во акција

Понекогаш е доволно човек само да даде мал поттик, да им посочи на луѓето каде и кога да се обратат. Така , младите волонтери на Црвен крст од Охрид, вклучени во ЦКА-ПХВ програмата, со поддршка од нивниот дисеминатор, неодамна успешно завршија еден од проектите. Усреќија едно четворочлено семејство. Станува збор за социјално загрозено семејство од Лескоец со 2 малолетни девојчиња. Станува збор за семејство во кое двајцата родители се невработени, а едното девојче има здравствени проблеми, односно поради немање средства веќе 2 години не извршило офталмолошки преглед, плашејќи се дека нема да…

Мар 4, 2014

Отстранети спомен плочите во Паркот на пријателството

Отстранети спомен плочите во Паркот на пријателството. Обележјата кои стоеа покрај  дрвцата посадени во знак на пријателство со збратимените градови на Охрид ги нема. Паркот на пријателството долго беше најавуван и осмислен да го оплемени просторот покрај шетачката патека кон Горица од претходната локална власт. Дали остранувањето на спомен плочите е случајно или намерно не знаеме. ТВМ побара одговор од актуелната локална власт што  се случува  со спомен обележјата на потегот покрај езерскиот брег. Портапролот на Локалната самоуправа, томе Џамтоски  кажува дека локалната самоуправа ќе го с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top