Мар 6, 2014

Се уредува Булеварот „Туристичка“

Во текот на оваа работна недела екипите на  Работната единица „Паркови и Зеленило“, при ЈП „Охридски Комуналец“, вршат пролетно средување на дрворедот вдолж сообраќајницата „Булевар Туристичка“. Во овие тековни активности на претпријатието, оштетените дрвја се санираат, сувите и искршени гранки се отстрануваат, а крошните се оформуваат. Исто така се коси и хортикултурно уредува,тревниот дел вдолж оваа сообраќајница на потегот од крстосницата кај „Градскиот пазар“ до месноста „Петља“.{loadposition content9}

Мар 6, 2014

ЈП „Охридски Комуналец“ го чисти муљот од градскиот кеј

По налог на Опшинскиот инспекторат е извршено чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј (во близина на Холандски Парк).Поради нискиот водостој во овој дел од крајбрежниот појас се натрупани големи количини муљ, па пристапено е кон расчистување со багерување со употреба на специјална механизација. Подигнати се и транспортирани 30м3 муљ и друг вид отпад. Оваа активност ја спроведуваме согласно годишната програма за Јавна хигиена во доменот на вонредни активности.{loadposition content9}

Мар 6, 2014

Комплексот Св.Наум денес без струја

  „ЕВН Македонија“, информира дека денеска, 6-ти март, во периодот од 07:30 до 18:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во манастирскиот комплекс „Св. Наум“, исто така прекин со снабдувањето ќе има и во ресторанот „Острово“ како и во хотелот „Маркони“.Од ЕВН Македонија потенцираат дека причина за прекините во снабдувањето со електрична енергија  е тековната реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион.{loadposition content9}

Апр 18, 2021

Спортската сала „Билјанини извори“ ќе стане регионален вакцинален центар

Од утре почнуваат подготовките спортската сала „Билјанини извори“ да стане регионален вакцинален центар по примерот на салата „Борис Трајковски“ во Скопје. „Денеска со претставникот од Министерството за здравство ги финализиравме активностите.Сега салата е целосно испразнета од реквизити, ослободен е просторот, и откажани се сите натпреварувања, подготовки на спортисти, тренинзи“, истакна градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. Во салата предвидено е да има: 14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација,14 приемни пунктови и 28 вакцинални места, Нов агрегат…

Мар 5, 2014

Кривична пријава за осумнаесетгодишна жителка на Лескоец

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против осумнаесетгодишна жителка на Лескоец,  за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 26 Јануари 2014 година на влезот во Струга од страна на полициски службеници е запрено патничко возило „ауди“ во кое пријавената била сопатник и при преглед кај истата пронајден е пиштол „црвена застава“ кал. 7,65 мм. и четири куршуми. {loadposition content9}

Мар 5, 2014

182 слободни работни места во Охрид

Агенцијата за вработување излезе со свежи бројки околу невработеноста на ниво на републиката како и одделно по градови. Податоците кои се однесуваат за првиот месец од 2014та година говорат дека во нашиот град имаме 182 слободни работни места за вкупно околу 7748 невработени лица. Од нив, според новата систематизација која ја воведе Агенцијата, 3747 невработени влегуваат во категоријата на други лица кои бараат работа или повеќе познати како пасивни невработени, додека 4001 невработен влегле во групата на активни невработени лица. Или во превод само околу 2 проценти од вкупно невработените,…

Мар 5, 2014

ДПМНЕ: ВМРО-НП промовира и поттикнува беззаконие

  Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со реакција на денешната прес конференција на ВМРО НП во која стои: „Безидејноста на десното крило на СДСМ т.н. Народна партија продолжува секојдневно да ја манипулира јавноста. Познавајќи го историјатот на делување на Народна партија воопшто не не зачудува нивната промоција и поттик на беззаконието, на немањето на фискална дисциплина и на немањето одговорност кон градот и државата. Основите на државата се законите , нивното почитување и казнените одредби кои се предвидуваат во секој еден закон. ДОКОЛКУ НЕМА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ , НЕМА НИ КАЗНЕНИ ДЕЈСТВИЈА.Тоа е осно…

Мар 5, 2014

Основците во градов немаат топол оброк

Дали ќе се врати топлиот оброк во основните училишта во градов. Ова прашање подолго време се наметнува од советникот Јоне Станкоски кој рече дека Локалната треба да направи напор повторно да се отворат училишните мензи каде ќе се подготвува квалитетна храна за учениците, а не како што е сега случај тие да јадат брза храна и пецива кои и тоа како се одразуваат на нивното здравје. Станкоски повикувајќи се на истражувањата на стручните лица кажа дека точно треба да се знае колку децата внесуваат минерали, витамини, протеини, јаглени хидрати и останати материи неопходни за правилен раст и разво…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top