Спортската сала „Билјанини извори“ ќе стане регионален вакцинален центар

Од утре почнуваат подготовките спортската сала „Билјанини извори“ да стане регионален вакцинален центар по примерот на салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

 |   | 

Од утре почнуваат подготовките спортската сала „Билјанини извори“ да стане регионален вакцинален центар по примерот на салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Денеска со претставникот од Министерството за здравство ги финализиравме активностите.Сега салата е целосно испразнета од реквизити, ослободен е просторот, и откажани се сите натпреварувања, подготовки на спортисти, тренинзи“, истакна градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.

Во салата предвидено е да има:
14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација,
14 приемни пунктови и 28 вакцинални места,
Нов агрегат за фрижидерот за вакцините,
Оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар на министерството за здравство,
Седиштата кој се потребни во системот на вакцинација на граѓаните.

Спортската сала „Билјанини Извори“ се става во функција на министерството за здравство за потребите за вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top