Во однос на пресот на Народна партија очигледен е нивниот деконструктивен однос кон се она што е во интерес на Република Македонија,реагираат од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид. „ВМРО ДПМНЕ гради витални објекти и реализа витални проекти кои се во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Оттука започнувањето на изградбата на автопатот е историски чин за Република Македонија а особено за општините низ кои ќе поминува и ќе ги поврзува. Започнувањето и завршувањето на автопатот е во даден временски рок. ВМРО ДПМНЕ го разбира стравот на политичките маргиналци со оглед дека ВМРО ДПМНЕ е партија кој…
Охрид раздвижен за 8ми Март, Денот на жената. Се чини сите во последен момент брзаат да го купат подарокот за сопругата, мајката, сестрата, пријателката, колешката. Најголем метеж секако има пред неизбежните тезги кај малиот плоштад, на кои се продаваат црвените рози, симболот на љубовта и нежноста. Празникот се чини ќе кулминира во вечерните часови, кога најголемиот број припаднички на понежниот пол, 8ми Март ќе го прослават во некој ресторан, со музика, песни, ора. Некои со колешките од работа, некои самоиницијативно со пријателки, важно да се одбележи.
Но и покрај напредокот на општество…
Традиционално, денеска на припадничките од понежниот пол кои управуваат моторни возила, 8 ми март им го честитаа припадниците на охридската полициска служба. „Среќен празник од името на СВР“ Охрид, имаме чест да ви го честитаме денот на жената „8ми Март“ со ова убаво цвеќе“ – можеше да се слушне денеска од охридските полицајци кои и оваа година на исто место како и лани, на пресекот на Туристичка со Даме Груев, ги сопираа жените возачи.„Во името на СВР Охрид на сите припаднички на понежниот пол им го честитам денешниот празник 8 ми март. Денеска СВР Охрид празникот на жените учеснички во с…
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, по повод 8 ми март меѓународниот празник на жената оствари средби со голем број на претставнички од понежниот пол.
Каранфили од градоначалникот добија и постарите охриѓанки на одделението за геријатрија.
„На сите жени од Охрид и од Р. Македонија многу среќа и здравје, помалку грижи и се надевам дека еден ден Македонија и Охрид ќе биде место каде што нема да постојат ниту социјални ниту полови предрасуди и местото на жената во целокупното живеење ќе биде подеднакво“ – изјави Бакрачески.
Директорот на општа болница Охрид, Љубен Арнаудов, изрази зад…
ВМРО Народна партија смета дека цената на чинење на автопатот од Охрид до Кичево е превисока. Од таму велат дека според пресметките за еден километар автопат ќе се плаќа по 5.5 милиони евра што според Народна е двојно повеќе од она што се плаќа во други европски земји, вклучително и во соседството.
Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна, Ванчо Костоски смета дека особено цената е нелогична бидејќи во голем дел од теренот каде што ќе поминува автопатот, условите за градење се добри, така што според него тоа во голема мера ги намалувало и трошоците за изградба на автопатот. За На…
Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, во посета на Косел. И покрај тоа што досега во Косел се вложени многу средства за асфалтирање на патишта, сепак мештаните имаат забелешки, вели Спасески. Според него главно тие се однесуваат точно на делот на кој Локалната самоуправа, Охрид во моментов изведува работи во оваа општина.„Граѓаните генерално имаат барања во однос на подобрување на условите за живот, она што е и наш приоритет како Локална Самоуправа, значи согласно програмата за работа и наша интенција е да создадеме подобри услови за живот на сите граѓани кои што живеат на територ…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.З.(59) од Охрид, Н.И.(51) од Струга, Р.Б.(47) од Охрид како и против правно лице со седиште во Охрид.
Првопријавениот, иако знаел дека неговата катарстарска парцела во населбата „Далјан“ во близина на Охридското езеро, сеуште не е запишана во Агенцијата за катастар на недвижности на негово име, со намера да ја прошири парцелата, ги ангажирал второ и трето пријавените-вработени во правниот субјект од Охрид и, побарал дотур на земја, камен и крупен градежен шут …
Цвеќина и садниции во дворот на ОУ „Св Климент Охридски“. Хортикултурното уредување во дворот на училиштето кое што го прави ЈП Охридски Комуналец е дел од проектот 40 зелени катчиња, како што нагласи првиот човек на претпријатието Елена Скрческа. „Тоа е една акција која што сакаме да помогниме во однос на изгледот на нивниот двор на површина и осетот на учениците за нешто убаво уште од помала возраст. Во училиштето најдовме еден неуреден простор и сакавме истиот да го уредиме, донесовме поголем број на садници, цветни и зимзелени – објаснува Скрческа.
Цветните и зимзелените садници се доб…