Денес во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито, а од вторник температурите ќе почнат позначајно да се зголемуваат. Во понеделник ќе дува умерен северен и северозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 10 километри на час. Утринските температури се од 1 до 8 Целзиусови степени, а дневните температури ќе се движат од 13 до 20 Целзиусови степени.Во вторник во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец, утринските температури ќе се движат минус 1 до 6, а дневните температури ќе достигнат до 16, односно до 24 Целзиусови ст…
„ТВМ Телевизија“ се приклучува кон акцијата на „Анималиа“ друштвото за заштита, помош и вдомување на животни, во пронаоѓањето на газда и дом за оваа прекрасна хаска.Со оглед на тоа што поранешниот сопственик на Еос заминал во странство, моментално, за него се грижат од Анималиа. Нели е навистина жално еден ваков убавец да се чува во кафез и да биде без дом? Инаку од Анималија велат дека пробелмите кои Еос ги имаше со губење на крзното поради алергиска реакција на сламата сега се надминати.
Еос сега е подготвен за нов сопственик и нов дом пред се.
Иако Еос е расно куче, пари во случајов воо…
Промоцијата на книгата е по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Словачка.Инаку покровител на манифестацијата е претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, а свое обраќање ќе имаат амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски и министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа – Милевска.На маргините на промоцијата на книгата, предвидено е да биде отворена и изложбата „1.150 години од доаѓањето на Константи…
Од 19-ти до 25-ти април се одбележува Неделата на солидарност, под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, информираат од охридскиот Црвен крст.
Граѓаните може да ја покажат својата солидарност со донирање прехранбени производи и средства за хигиена на собирните пунктови за прехранбени производи во поголемите маркети во Охрид, како и донација на храна, хигиенски средства и парични средства директно во просториите на Црвен Крст Охрид ул. „Димитар Влахов” бр. 52.
Можно е да е слика од д…
Преку соодветна програма на соработка и мотивација на крводарителите за доброволно дарување крв, со организирање редовни и вонредни крводарителски акции, годината која измина беше успешна со реализирани 1734 дарувања крв односно со надминување на предвидениот план за 2,79%.По повод Денот на крводарителството во РМ 17-ти март, Црвениот крст од Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми иниституции кои помогнале во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца и ги поканува на пригодна свеченост во просториите на Црвениот Крст во Охрид утре 18-ти март во 12 ч…
Синдикатите на Македонија и Црна Гора ги разменија своите позитивните искуства во законодавството на двете земји, во делот на Законот за работни односи. Темата на кој дебатираа претседателите на синдикатите на двете земји е „Социјален дијалог во рамки на проширување на земјите од регионот за интеграција во Европската унија“. Слободан Антовски од УНАСМ нагласи дека постојат многу аномалии околу вистинскиот социјален дијалог во земјава. Додава дека УНАСМ не учествува на седниците на Социјално економскиот совет, кој функционира од 2010 година и дека се многу критични кон нивните одлуки.„Ние с…
На светскиот ден за заштита на потрошувачите, 15ти Март, Советот на потрошувачи го промовираше флаерот „Права имате, но дали ги знаете“. Ова е прва активност на ова тело кое ќе функционира во рамките на Советот на општина Охрид, а има за цел унапредување на правата на потрошувачите и сензибилизација на потрошувачите за правата кои ги имаат. Веќе е креирана и програмата според која ќе функционира Советот на потрошувачи за 2014та година, а која ќе вклучува поголем број на активности насочени кон промовирање и заштита на правата на потрошувачите, како и организирање на воспитно-образовни часов…
Огромни суми на средства за репрезентација биле потрошени од страна на СДСМ за нивното 8 годишно владеење, од 2006 до 2013 година, обвинуваат од владеачката партија. Тие денес и детално ги обелоденија цифрите. Најниската сума е забележана во 2005 година и истата изнесува 743, 572 денари додека пак во 2012 година за реперезентација потрошени биле 6, 593 415 денари. Советникот на ВМРО – ДПМНЕ Илија Арнаудов, вели дека сеуште останува нејасно како СДСМ се обидува да се амнестира од принципот на недомаќинско работење и енормно трошење на парите на граѓаните на Охрид. Тој рече дека денес уште …