Од вкупно 90 интервенции поради пожари во првото тромесечие на 2014та година, 42 биле поради пожари на отворен простор. Според командирот на територијалната противпожарна единица, Спасе Прентоски, месец Март е карактеристичен токму по овој вид на пожари. Охридската јавност изминативе денови сведочи за неколку вакви случаи на палење на пожари на отворен простор. Според командирот Прентоски, во 99 проценти од случаите, причината е човечкиот фактор. „Апелирам до сите граѓани на подрачјето на општина Охрид и Дебрца да се воздржат во овие временски услови на поголеми горештини кои наидуваат, им…
НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид на барање на публиката, повторно ќе ја прикажува детската балетска претстава “ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА”.Оваа САБОТА, 29-ти Март 2014 година, почеток 12.00 часот, по цена на влезницата од само 50 денари, наменета за најмладите, НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид на барање на публиката, повторно ќе ја прикажува детската балетска претстава “ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА” . Преставата премиерно беше прикажана во месец декември 2013 година и истата прифатена од многубројната публика.Детска балетска претстава “ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА”е во организац…
На Македонија не и треба тунел и панорамско тркало во престолнината и треба изградба на регонални депонии, велат од ВМРО – НП Охрид. Претседателот на народна Ванчо Костоски, смета дека 100 те милиони евра кои Владата ги предвидела за изградба на два километри тунел од центарот на Скопје до Железничка станица, дел од тие средства да ги пренаменат за изградба на регионални депонии. А наместо панорамскто тркало за кое Владата планира да потроши 18 милиони евра да се направат 25 претоварни станици, со кои според ВМРО – НП ќе се намалат трошоците, а ќе се зголеми профитот на ЈП.„Веќе осма година…
Денес во периодот од 8-18 часот охридската улица „Коста Абраш“ ќе биде затворена за сообраќај.Заради изведување градежни активности –реконструкција на дел од ул.Коста Абраш ќе биде оневозможено движењето на возила во периодот од 8-18 часот, информираат од Јавното Претпријатие „Нискоградба“. {loadposition content9}
Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, a сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме.За изградба на игралиштето и реквизитите во малиот парк, жителите од населбата „Гоце Делчев“ чекале 30 години. Но за само една година, овој партерно уреден простор во континуитет се уништува.Од Локалната самоуправа информираат дека редовно ги одржуваат 14-те детски и спортски игралишта во повеќе делови од градот. Но, ги загрижувава тоа што постојано се атакува врз нив и што се кршат реквизитите. Од Локалната го осудуваат унуштувачкиот однос и в…
Енормното трошење на средства во периодот од 2005 до 2013 година, тема на денешната пресс конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Портпаролот Никола Митровиќ рече дека СДСМ недомаќински работела со што потрошила милионски суми за службени патувања во периодот од 2005-2013 година заклучно со месец март. Митровиќ таксативно ги наброја сумите за патни расходи во земјата и странство од најмалата, 752 632ден. во 2005год. и највисоката забележана во 2010год., 4 140 594 ден. Во овој период од раководењето на СДСМ со Локалната самоуправа според ВМРО потршени биле вртоглави суми за горива и масла на слу…
Врз основа на позитивното мислење на Националниот совет за културно наследство, на предлог на Министерството за култура, Владата донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење во поткатегорија – исклучително значење.
Со донесувањето на оваа одлуката се обезбедува трајна заштита на скопскиот Аквадуктот кој е изграден во VI век, а бил целосно реконструиран кон крајот на XV век.
Директорите на училиштата сугерираа во иднина да не се злоупотребуваат образовните институции за партиски цели бидејќи децата кои таму учат се на сите нас. Директорот на најголемото основно училиште во градов, „Христо Узунов“, Тони Симоноски рече дека мора да проговори за невистините кои беа искажани од страна на СДСМ. Тој ги демантираше тврдењата од општинските социјалдемократи дека на некои училишта во градов им биле блокирани жиро сметките поради неисплаќање на опремнините на пензионерите.-Во ниту едно училиште не е заостаната неисплатена опремнина на пензионерите освен во последните мес…