Мар 20, 2014

Ден на реката Црн Дрим

Од годинава ќе почне одбележувањето на Денот на реката Црн Дрим. Одлука била донесена од страна на Дрим КОР – групата, а одбележувањето ќе биде на 5 ти Мај. Последниве 6 години интензивно се работеше на добивање на проект за управување со басенот на реката Црн Дрим. Проектот беше одобрен во 2012 година од страна на Глобалениот Еколошки Фонд, за да во 2013 се отпочне со негова имплементација. Дејан Паноски нагласи дека од проектот Дримски базен економски бенефит ќе имаат граѓаните кои што живеат крај басенот, бидејќи ќе се спроведуваат многу пилот проекти и работа на терен.„Од еден ваков про…

Мар 20, 2014

Најмладите охриѓанчиња утре ќе ја чекаат пролетта

На неа ќе учествуваат дечињата на возраст од од 5 – 10 од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Покрај дефилето под пролетни маскипрограмата ќе биде збогатена со неколку музичко – ритмички точки со содржина за пролетта.На манифестацијата поканети се да се приклучат и деца од основните училишта по настапот на децата од геадинка. Предвидена е и активност „ДА ГО ПРЕГРНЕМЕ ЕЗЕРСКИОТ БИСЕР“ чија цел е испраќање на порака дека треба да го чуваме и заштитуваме нашето езеро,Дел од  манифестацијата ќе се одвива во рамките на градинката каде ќе се собира хартија и пластична амбалажа.{loadposition content9}

Мар 20, 2014

Ниска еколошка свест – смет се фрла каде што не му е место

Ниската еколошка свест и понатака присутна во градот. Негрижата на поединци кон животната средина и понатака присутна слика во нашето секојдневие. Расфрлан отпад од секаков вид може да се заблежи на разни делови од градот и околината.  Деновиве таков беше случајот на потегот од црквата Каменско  до улицата Кирил и Методиј. Несовесни граѓани фрлале отпад во шумата со што се нагрдува пролетната глетка со расцветаните бадеми. За среќа после  нашата сугестија до раководството на Комуналец за проблемот на овој потег, просторот е исчистен и се собрани 5 метри кубни отпад. Директорката на ЈП „Кому…

Мар 20, 2014

Женскиот центар „Бисера“ против семејното насилство

Женскиот центар „Бисера“ од нашиов град во соработка со СВР Охрид како и Економското средно училиште, ќе организираат работилница на тема „Превенција од семејно насилство“.Работилницата же се одржи на 24.03.2014-та година во 09 часот во просториите на училиштето, а целна група ќе бидат учениците од ова средно училиште. Предавач на работилницата ќе биде Живорад Савиќ, Раководител на одделот за превенција при СВР Охрид.{loadposition content9}

Апр 21, 2021

Нула Отпад: Преку децата генерираме семејства со високо ниво на еко култура

„Нула Отпад“ Друштво за управување со отпад од Скопје во ОУ Дебарца од с. Мешеишта реализира едукација и започна  Еко акција за собирање на отпадни батерии. Настанот е по повод 22 Април Меѓународен ден на Планетата Земја. „ Нула Отпад“  оформи Еко катче обезбедувајќи за училиштето  голем сад за електронски отпад кадешто дечињата ќе имаат можност да ги селектираат отпадните батерии, како и едукативни постери. Наставниот кадар реализира инспиративни активности, вели Билјана Костадинова од “Нула Отпад“. „ Наставниците преку креативни активности и материјалите коишто им ги доставивме, бидејќи…

Мар 20, 2014

„Пајакова мрежа“ над улицата „Даме Груев“

По се изгледа, почна да се расплетува „пајаковата мрежа“ од кабли, на улицата „Даме Груев“. Веќе неколку дена над тротоарот на дел од ваа улица висат кабли кои се или телефонски или на некој од кабелските оператори. Токму над главите од пешаците висат каблите кои од непозната причина надвиснале над тротоарот, што може да се допрат и со рака. Веќе втор ден како никој од оние кои ги користат бандерите не интервенирал на терен за да ги обезебеди и врати во првобитната состојба. {loadposition content9}

Мар 20, 2014

„Комуналец“ го средува стариот дел на Охрид

Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведe акција за расчистување на потегот од црквата Св.Богородица Каменско  до пресекот со ул.„Кирил и Методиј„. Се расчистуваше поширокиот дел од шумскиот појас од расфрлан комунален и кабаст отпад, како и градежен шут и собрани се 5м3 отпад . Овие вонредни активности „Комуналец“ ги спроведе по претходно добиен налог од Општинскиот инспекторат.{loadposition content9}  

Мар 20, 2014

Прво подмирени долгови, а после одобрение за поставување урбана опрема

Врз основа на одлуките за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2014 година за угостителските објекти, за зоните и висината на цената за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување столови и маси и за утврдување на висината на комуналната такса за користење простор пред деловни простории за вршење дејност, општина Охрид го објави упатството за добивање на одобренија. Барањата за поставување урбана опрема за оваа година може да се поднесуваат за период од минимум 3 месеци, со можност за продложување и тоа со поднесување  барање 15 дена пред ист…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top