Апр 3, 2014

Нема веќе паркинг пред црквата „Св.Софија“

Во рамки на разубавувањето на стариот дел од Охрид, денес ЈП “Градски гробишта“ започна со средување на просторот пред црквата Св. Софија и истоимениот ресторан, каде долг период несовесни возачи ги паркираа своите автомобили нагрдувајќи го изгледот на ова атрактивно место кое е привлечно и посетувано од туристи особено во летниот период од годинава. Денес на овој простор се поставуваат жардињери со цвеќе, а наредниот период ќе бидат поставени клупи за седење. Просторот ќе биде и хортикултурно уреден со што охриѓани ќе добијат привлечно катче за одмор и уживање во срцето на Охрид.Инаку, над…

Апр 3, 2014

Се разубавува населбата Канео

Во завршна фаза се активностите за разубавување на населбата Канео што Општина Охрид ги започна пред околу еден месец. Изминатиов период надлежните служби од ЈП “ Градски гробишта “ работеа на санирање и реконструкција на потпорните ѕидови, а се изврши поправка на патеките кои од главниот пат што е во непосредна близина на црквата Св. Јован – Канео водат кон кафеаните и плажите “Канео“ и “Потпеш“. Деновиве во населбата Канео, завршува и поплочувањето на една од уличките – сокачињата во должина од 35 метри. Поплочувањето е благороден чин со оглед на тоа што вредните мајстори носат автентични…

Апр 26, 2021

За Велигден два неработни денови, по 10 дена уште еден неработен

По повод Велигденските празник, Велики петок и вториот ден од Велигден, понеделник ќе бидат неработни денови за граѓаните од православна вероисповед. Тоа значи дека православните верници ќе ги празуваат 30 април и 3 мај. Следен неработен ден за сите граѓани во државата ќе биде 13 мај четврток. Тогаш се слави првиот ден на Рамазан Бајрам.

Апр 2, 2014

Локална: Не е прв пат советот да носи правилници

Реакцијата од Локалната самоуправа на денешната прес конференција на ОО на СДСМ Ви ја пренесуваме во целост. Општинската организација на СДСМ, со намера да и им се додворува на граѓаните по секоја цена, секојдневно свикува празни и банални прес- конференции. Стигнаа дотука,  веќе да не им веруваат на медиумите, па после секоја седница на Советот на општина Охрид, свикуваат прес- конференции, за да објаснат што сакале да кажат. Крајно навредливо е да ја потценуваат јавноста и да ја убедуваат дека изградбата на затворен пазар и субвенционирањето на туристичката такса  штетно ќе влијаат врз жи…

Апр 2, 2014

Внуките на коосновачот на Црвениот крст ја посетија охридската организација на Црвениот крст

Општинската организација на Црвениот крст од Охрид денес беше посетена од висока делегација од Женева-Швајцарија. Асоцијацијата „Анри Динан“ веќе долги години соработува со организациите на Црвениот крст од земјава како и Друштвото „Анри Динан“ од Струга. „Предвидено е да се оствари една работна средба на која ќе се дискутира за нашите активности во насока на подигање на нивото на знаењата за идејата и за движењето на Црвениот крст, а се со цел тие знаења да се прошират и до најмалите и до сите оние места каде ние имаме целни групи. Црвениот крст многу вложува во ширењето на знаењата за Црв…

Апр 2, 2014

Предложениот модел со студијата најприфатлив, тврдат од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Kако Одлука на совет која претходно беше изгласана и од советничката група на СДСМ преку ноќ беспредметно се критикувa, се прашуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ, во врска со изнесените наводи на пресот на СДСМ за изгласаната физибилити студија за изградба на затворен градски пазар. Добро е што СДСМ низ наводни критики всушност  ги промовира капиталните проекти на ВМРО ДПМНЕ, кажа Јованка Дамоска Секулоска. Партијата која што осум години не успеа да направи никаков јавен објект вклучувајќи и затворен пазар кој ќе служи за интересот и потребите на граѓаните на Охрид, денес критикува факт дека Локална…

Апр 2, 2014

СДСM: Физибилити студијата за пазарот лошо изработена

Охридските социјалдемократи реагираат дека со вчерашното донесување на Правилникот за субвенционирање на приватните станоиздавачи, Советот донесол незаконска, нестатутарна и неделовничка одлука. Правилникот е акт што треба да го донесе градоначалникот, како извршна власт во општината, додаваат од таму. Советникот Јован Стојаноски на пресот најмногу се задржа на  Предлог Одлуката за усвојување на физибилити студијата за ЈПП за изградба на затворен зелен пазар во Охрид. Советниците од СДСМ сметаат дека студијата била непрофесионално изработена и побарале од Советот истата да се врати на дораб…

Апр 2, 2014

Детската литература во Македонија на работ на опстанокот

Во Македонија речиси и да нема писатели за детска литература. Денес на меѓународниот ден на книга за деца и млади уште еднаш на виделина излегоа сите проблеми со кои се соочуваат книжевните работници. Писателот и поет Тоде Илиевски кој зад себе има четири книги за деца вели дека Македонија сеуште не е влезена во меѓународната организација на Светскиот совет на детската книга и покрај неговите долгогодишни заложби. Тој додава дека државава долги години наназад не размислува за детско издаваштво-Имам 62 години а спаѓам во најмладите писатели за деца во Македонија. Тоа значи дека статусот на м…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top