Апр 27, 2021

Во каналот Студенчишта нема веќе место за паркирање на пловила

Максимално искористени капацитетите на каналот Студенчишта , за паркирање на пловни објекти.  Во импровизираната марина нема ниту едно слободно место.  ЈП „Билјанини извори“ на сопствениците  на пловила oва лето ќе им нуди сува марина. Безбедно паркирање на пловилата во склоп на спортската сала во близина на каналот. „Ние како јавно претрпијатие за да им излеземе во пресрет на сите  кои што  ќе дојдат во Охрид им нудиме сува марина позади спортската сала каде има простор. Претходно им нудевме  да ги остваат своите приколки,  но сега ќе може  и глисерите. Да може да си ги спуштаат во канал…

Апр 15, 2014

„Генетика на кучињата“ утре пред охриѓани

Претставата „Генетика на кучињата“ премиерно ќе биде изведена утре, 16ти април, во 20:00 часот во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.  Овој пат „Аматер“ подготвија посериозен проект кој бара поголема одговорност од нивна страна, како и поголема екипа и организација на истата. Освен членовите на „Аматер“: Јован Цветкоски, Катерина Петреска, Томе Укоски и Леа Новеска, овој пат актерската екипа брои уште неколку членови: Звонимир Србиноски, Милан Србиноски, Никола Србиноски, Ирина Ристевска, Никола Буџакоски и Дарко Милески. Екипата која работи на подготовка на претставата ја …

Апр 15, 2014

Промотивна велигденска понуда на „Адора Инжинеринг“

По повод најголемиот христијански празник Велигден, Адора Инженеринг на граѓаните им нуди празнична промотивна понуда со купен елитен стан од компанијата да купат и модерен паркинг простор по половина цена. Целта на оваа промоција, која ќе трае за Велигденските и Првомајските празници е единствениот градежен супербренд во Македонија, купувачите на нов дом за празниците да ги израдува со подарок, попуст за купување на гаража од 50 %. Адора Инженеринг, лидер во високоградбата во Македонија, со рекордна продажба на 87 станови во првото тримесечје од годинава, што е за 45 % повеќе од истиот пер…

Апр 15, 2014

Охридските „мозочиња“ со предвелигденски концерт

Црвен крст Охрид одржа  Предвелигденскиот концерт на младите таленти кои ја посетуваа едукативната Бреинобреин програма во Бреинобреин-Црвен крст Охрид-Центарот за развој на животни вештини.Покрај своите музички вештини и способности, 40 деца на возраст од 4-14 години  ги презентираа и техниките и вештини стекнати со Бреинобреин програмата, а кои ја потенцираат  фотографската меморија, нумеричките и вербални способности, мултитаскингот.Овој атрактивен и интересен настан се реализира синоќа во просториите на Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид, со почеток во 20 ч.{loadposition content9}

Апр 14, 2014

Сумирани првичните резултати од гласањето во Охрид

Според изборните резулатати на ДИК 30 727 охриѓани гласале вчера на 5-тите претседателски избори. Во првиот круг на гласањето мнозинството од нив го заокружиле името на претседателскиот кандидат Ѓорѓе Иванов од Вмро Дпмне. Својот глас  за Иванов го дале 17.270 гласачи или 33,72 посто од вкупниот број на граѓани евидентирани во единствениот избирачки список. За Стево Пендароски претседателскиот кандидат  на СДСМ гласале 11.322 гласачи или 22 ,11 посто    од вкупниот број на гласачи од избирачкиот список. За  Иљаз Халими гласале 359 гласачи, а за Зоран Попоски  својот глас го дале 726 избирач…

Апр 14, 2014

Здружението на лекари од Охрид, постхумно му додели признание на д-р Илија Прангоски

Лекарите од Охрид ги разгледаа постигнатите резултати во изминатата година, но дискутираа и околу предизвиците на професијата доктор. Со пригодна свеченост на годишното собрание на здружението на лекари од Охрид тие воедно го одбележаа и Денот на здравјето, но и доделија признанија на истакнати лекари од градов.„Секако дека овие признанија делуваат како еден импулс, да се вложи што повеќе во нашата работа, да се вложи што поголем труд и да се пружи што поквалитетна здравствена заштита на пациентите. Секоја награда, секое признание е мотивација за поголем и подобар квалитет во работата.“-вел…

Апр 14, 2014

За Велигден наместо јагнешко свинско на трпезите

  Охриѓани забрзано се подготвуваат за престојните велигденски празници. Овој најголем христијански празник се карактеризира со богата трпеза, со јагнешко и со вапцани јајца. Но, длабочината на џебот на граѓаните за жал  не дозволува еден пристоен Велигденски ручек со своето семејство. Производителите на јајца велат дека и покрај нискиот стандард граѓаните купуваат. Цените се движат  од 100 па се до 200 денари по шаблон и се многу пониски од минатата година.-Не е лошо, се троши, годинава е многу поефтино па повеќе се купува, вели еден од производителите на јајца.Дуг пак кажува дека слаба е …

Апр 27, 2021

“Безбедно како дома” е новата медиумска кампања на АППТ во регионот

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) почна со медиумска кампања во шест земји низ регионов за подигнување на свесност за безбедно патување и туристичките потенцијали коишто земјава ги поседува.Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Полска и Турција се пазарите каде што оваа година се пласира првиот дел од медиумска кампања со цел информирање, насока и будење на свесноста за неопходност од почитување на безбедносни протоколи, но и можности за поминување на безбеден одмор на планина, во рурални области, можност за спортски активности во безбедни региони и предели, како и гастрон…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top