Се информираат жителите на село Косел дека со Решение на Агенцијата за храна и ветеринарство , поради загаденост се забранува водата за пиење. Агенцијата ја задолжува Месната Заедница од с. Косел да обезбеди хлорирање на водата од 0,2 до 0,5 мг./л.
До обезбедување на безбедна вода за пиење истата да се преврива 30-40 минути.
Се е подготвено за вториот круг од претседателските и првиот круг од предвремените парламентарни избори. Претседателката на општинската изборна комисија од Охрид, Марика Костадиновска информира дека денес, ден пред останатите, своето гласачко право може да го остварат 212 пријавени болни и изнемоштени лица на 66 избирачки места, како и лица кои излежуваат затворска казна. „Во општина Охрид се гласа за 89 избирачки места на 88, со тоа што избирачкото место 1335 е заедно со 1306. избирачкиот одбор од 1306 ги покрива двете избирачки места. Во избирачкиот список за претседателските избори запиш…
Во еден прекрасен амбиент и пригодна атмосфера во петочното предвечерје компанијата Инсајд ауто во салонот на ул. 15 ти Корпус Охрид, го одбележа својот јубилеј, 15 години од постоењето на пазарот. По тој повод на Компанијата Лале Турс од страна на сопствениците на Инсајд ауто, семејството Митрески, им беа предадени клучевите од трите возила марка Ситроен и трите скутери. Снежана Митреска, сопственичката на авто салонот, нагласи дека соработката со клиентите во нивниот бизнис е на прво место и поради тоа цели 15 години опстојуваат на пазарот.„Овој ден за нас е многу посебен значи одбележув…
Доцна синоќа по кратко боледување во својот дом на 66 години почина проф. д-р Миладин Крстаноски, истакнат професор. Дипломира на универзитет “Св. “Кирил и Медодиј“ Правен факултет- Скопје во 1975 година и се стекнува со звањето дипл. правник , 1980 година го положил Правосудниот испит. Последипломски студии: магистрира на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј“ Правен факултет –Скопје на Катедрата за кривично право и криминологија и се стекнува со звање магистер по правни науки; Докторската дисертација во кривичното право и криминологила ја брани на Правниот факултет во Скопје при Универзите…
Стартува субвенционирањето на туристичката такса за охридските станоиздавачи од мал обем. Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески и официјално ја промовира оваа долгонајавувана одлука. Денес, како што соопшти градоначалникот, објавен е и јавен оглас за пријавување на станоиздавачи кои сакаат да користат субвенции.„Како што и сами знаете на една од претходните седници на Советот на општина Охрид донесовме одлука со која што одвоивме ставка од буџетот на општина Охрид во висина од 1.800 000 денари, со цел да се субвенционира 50% од висината на туристичката такса, што би подразбирал…
Од ОО СДСМ на денешната завршна прес конференција повикаа гласачите да излезат на избори и да гласаат според сопствената волја. При тоа порачаа дека се согласуваат со политичките противници само со нивниот слоган ИМА РАЗЛИКА. Според нив, наведоа разлики, меѓу кои и политичкото делување на партиите. Велат разликата меѓу нив и ДПМНЕ е што политичките ривали членството во партијата го имаат сфатено како можност за лично и партиско богатење. „За личното богатење, кое, како што видовме, се мери со милиони евра, првите луѓе во ДПМНЕ еден ден ќе одговараат пред надлежните органи, исто како ш…
Колеџот Јахја Кемал денес беше претесен за сите кои учествуваа на Саемот за наука и култура кој беше организиран во оваа среднообразовна институција. На триесетина штандови основците од Охрид кои беа гости ги имаа поставено своите научни истражувања и своите културни обележја. Можеа да се видат најразлични експерименти од областа на биологијата, географијата, физикаат, хемијата, како и многу предмети карактеристични за македонската, албанската, турската па и другите европски и светски култури. На еден штанд се престави и ОМУ Методиј Патчев каде негови ученици изведуваа дела од познатите све…
“Исламот, римокатоличкото и православното христијанство промовираат исти вредности на љубов, мир, толеранција, разбирање и меѓусебно почитување” е заклучокот од толерантното кафе кое 25 млади луѓе, средношколци, студенти, професори и раководители на институции го испија вчера со претставници од Исламската Верска Заедница, Римокатоличката црква и Македонската православна црква, во ресторанот “Белведере” на кејот “Македонија”.
Настанот беше во реализација на здружението за мултикултурна интеграција, “Инклузија” од Охрид.
Присутните имаа можност да слушнат од Иса Ејуп, оџа при муфтиството …