После информацијаата на „ТВМ“ во врска со систематското уништување на дрворедите на охридската улица „Марко Цепеков“од страна на вандалите, како и капаците од електричните столбови за улично осветлување, беше рeагирано од страна на локалната и беше санирано оштетувањето.Но повторно утрово жиците и останатите екелтрични елементи од внатрешноста на неколку од електричните столбови за улично осветлување, од оваа улица повторно изложени. Илузорно е да се зборува за опасноста која демне за пешаците, а посебно за децата со оглед на фрекфентноста на оваа улица, но изгледа надлежните ќе мора малк…
Во очи првомајските празници, кога македонскиот граѓанин најчесто ужива во традиционалните скари на отворено, надлежните со апел да не се палат огнови на отворен простор. Од НП „Галичица“ велат дека забраната за палење на оган на отворено важи преку целата територија на државата и во текот на целата година, но во овој период особено апелираат бидејќи очекуваат поголем обем на граѓани да се упатат кон планинските места. Наумче Новески, одговорен за заштита од пожари при НП „Галичица“ сите охриѓани, но и туристите ги советува наместо било каде, да отидат во едно од двете излетнички места во п…
Бродарите од Охрид се во тешка финансиска состојба. Во недостиг на организирани групи туристи во пандемијата сите останаа без основните приходи. Досега добиле само мала поддршка од државата , а состојбата со корона вирусот не им влева надеж дека наскоро ќе се променат работите. Велат тие се промотори на земјава и градот и треба да добијат достоинствена поддршка и од општната и од државата.
„Државата не поддржа на почетокот на кризата, кога никој не знаеше што не чека. Но таа поддршка е мала ама јас сакам едно да кажам од сиромав човек не можеме многу да очекуваме како што е оваа …
Повторно испливаа на површина проблемите со улицата „Илија Смически“ во Лескоец. Жителите велат дека станува збор за децениски проблем за кој многупати им било ветувано решение, но дека засега нема ништо од ветеното. Обилните врнежи деновиве уште еднаш ја поплавија оваа улица, за која жителите велат дека во должина од дури 200 метри се претвора во базен.
Се жалат дека нивните деца, за да стигнат на училиште, мора да поминат огромен пат кружејќи околу селото. Јане Бачевски, жител на оваа улица вели дека од ден на ден, секојдневно чекаат да пристигнат багери и да започнат со работа, но дека з…
Матурантите од средното економско училиште денес во улога на успешни бизнисмени. Тие на традиционалниот саем на виртуелни училишни компании открија само дел од своите афинитети симулирајќи најразлични бизниси. Агенции за туризам, хотели, аква паркови, компании за трговија со пијалоци, беа само некои од компаниите на кои средношколците економисти вредно работеа преку целата година.На денешната свеченост учениците имаа можност да ги презентираат вештините, искуствата и достигнувањата стекнати во текот на образовниот процес. Организаторите на проектот повеќе од задоволни од идејата, подготв…
Ставање апликација на кејџ во лумбалниот, кичмен дел на човековото тело е новата метода која веќе отпочна да се применува во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид. Следејќи ги модерните светски достигнувања во медицината нашата болница беше и останува лидер при изведување на оперативни зафати и лекување на пациенти, рече првиот човек на оваа медицинска установа д-р Митко Тилевски.„Моментално за оваа година имаме предвидено 30 пациенти во соработка со Фондот на Р. Македонија и Министерството за Здравство, планираме да го зголемиме обемот на операциите ако и…
Темелно се расчистени викенд населбите „Даљан“, „Расадник“, „Никола Карев„“ и др.Стариот дел од градот, кој е првата локација каде се упатуваат туристите, е темелно расчистен и искосена е тревата покрај „Илинденска“, „Климентов Универзитет“ и „Кирил и Методиј“.Канделабрите на градскиот плоштад се украсени со паѓачки сардели, а во наредните денови со сардели ќе се украсат канделабрите по чаршијата и градскиот плоштад.И главната сообраќајница во Охрид-„Булевар Туристичка„ хортикултурно се уредува и трoтоарите се метат. Денот на трудот „1-ви Мај” вработените од „Јавна хигиена“ ќе го одбележат …
Во просториите на општините Охрид и Дебрца на 7-ми мај годинава ќе се одржи Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот “Изградба на интерконективен надземен вод 400kV ТС Битола 2-македонско-албанска граница и ТС 400/110 kV Охрид “.Јавните расправи по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Изградба на интерконективен надземен вод 400kV ТС Битола 2 -Македонско-албанска граница и ТС 400/110 kV Охрид “ ќе се одржат на: во Општина Дебрца ќе започне во 11 часот, а во Охрид во 14 часот.„Инвеститорот АД МЕПСО,Скопје ja достави на уви…