Од вторник започнува масовната вакцинација на населението низ големите вакциналните пунктови во шесте големи градиво и Скопје. Министерот Филипче истакна дека Месец Мај е месец во кој се очекуваат уште пратки на вакцини и очекува до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население што во целост ќе ја смени сликата со епидемијата во земјава.
Рано изутрина пристигнаа 200.000 вакцини кои се купени со директни преговори со производителот „Синофарм“ од НР Кина. Министерот за здравство Венко Филипче, кој ја пречека пратката заедно со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо, рече дека вак…
По девети пат матурска парада во Охрид. Во тек се подготовките за овој традиционален настан кој матурантите и годинава ќе го изведат на градскиот плоштад. На часовите по фискултура се вежбаат последните елементи за изведба на танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“ кој како што изјави Соња Думбалова Делова, професорката која години наназад стрпливо, професионално и напорно работи со генерациите матуранти. „Оваа година новина е тоа што се вклучени сите средни школи од градов, угостителското училиште „Ванчо Питошески“ електромашинскиот училишен центар „Св Наум Охридски“, економското …
Од денес официјално започнува новата туристичка сезона. Претпладнето на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ пристигнаа првите холандски гости. Со чартер лет на Корендон и тур- операторот Фибула Ер Травел слетаа 189 патници.- Осми пат доаѓам во Македонија. Прв пат бев тука пред 7 години и навистина се вљубив во вашата земја. Среќна сум што сум повторно тука, ми надојдоа солзи во очите кога авионот слетуваше на аеродромот во Охрид, се осеќав како да си доаѓам дома , изјави една од гостинките од Холандија кои денес пристигнаа во Охрид.-Јас прв пат доаѓам тука. Ме привлече вашиот фолклор …
Група деца од градинката „Јасна Ристеска“, со полициска придружба беа однесени во Езерска полиција и полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид. А таму се запознаа со секојдневната работата и активностите на охридските полицајци. Ротационите светла и сирената од полициските возила не ги вознемири љубопитните дечиња. Тие веќе имаат познавање за дел од активностите на полицијата.„Чичко полицаец се грижи за нашата безбедност. Ги затвора лошите, а добрите ги чува. Го регулира собраќајот. Кога ќе пораснам јас ќе бидам полицаец и лошите луѓе ќе ги затворам“ – коментираат дец…
Со првата сабота од месец мај започнуваме со реализирање на акциите за подигнување на кабаст отпад, од вкупно осум, кои согласно годишниот календар се планира да се спроведат во пролетниот циклус во месеците мај и јуни. Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 03.05.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.1 „Стар Град“.Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и п…
Од 1-ви мај во земјава на сила е продолженото време за продажба на алкохолните пијалоци. Ваквото продажно време на алкохолните пијалаци ќе важи се до крајот на септември.Наместо до 19 часот, според „новото правило“ во трговските објекти алкохолните пијалоци ќе се продаваат од 6 до 21 часот. Иако се продолжува продажбата на алкохолните пијалоци, сепак и понатаму останува забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи како и на малолетниците. Законските одредби предвидуваат за оние кои нема да го почитуваат законот предвидени се санкции „забрана за вршење дејност“ и „парична казна до …
Први мај празникот на трудот помина без протести во Охрид. Попладнето по расчистувањето на дождливите облаци охридската чаршијата беше полна со луѓе и гости кои го празнуваа овој ден. И познатото излетничко место во Синдикални по традиција беше полно со посетители. Слободниот ден граѓаните го поминаа во прошетка, а некои во кафеана. Недостуваа само расчадените скари кои ги попречи врнежливото, променливо време. Охриѓани поделени околу мислењето зошто македонските работници не го креваат гласот за своите права.Едни се без одговор зошто нема протести, други мислат дека граѓаните немаат…
Ентузијазмот, желбата и едноставно љубовта кон театарот и уметноста, другарувањето, од една обична идеја направија да се роди нешто посебно. Пред 8 години, на 26ти април премиерно беше изведена „Сите мои синови“ од Артур Милер во охридската гимназија, „Св. Климент Охридски“ од страна на 5 средношколци: Томе Укоски, Леа Новеска, Катерина Петреска, Јован Цветкоски и Никола Србиноски. Поставувањето на оваа претстава доби и една света нишка на која секогаш благодарно и во најдобро светло ќе се сеќаваме, вели Јован Цветкоски. Сите тие желби, љубов, емоции, првично несвесно ја составија оваа Неза…