Мај 6, 2014

Охрид град партнер на третиот меѓународен саем за вино и туризам во Србија, „Жупа 2014“

Во рамките на третиот Меѓународен саем за вино кој се одржа на 02-03. 05. 2014 во организација на Оштина Александровац, и оваа година Општина Охрид учествуваше како град партнер. На саемот Општина Охрид ja претстави богатата туристичка понуда, квалитетните вина на локалните винарии, како и дел од вкусните и мајсторски приготвени специјалитети на домашните производители на прехрамбени производи.Претставниците на Општина Охрид со претставници на Општина Александровац, разменаа Меморандум за соработка и партнерство, со цел поттикнување на меѓусебната промоција на туризмот и услугите како и уна…

Мај 6, 2014

Пристигнува првиот чартер лет со австриски туристи во Охрид

На аеродромот „Св.Апостол павле“ денес ќе слета првиот четирите чартер-летови од Австрија до Охрид.Аавионот на авиокомпанијата „Флај Ники” ќе донесе 186 австриски туристи кои неколку дена ќе уживаат во убавините на охридската ривиера.{loadposition content9}

Мај 6, 2014

Нов „паркинг“ во Охрид

Просторот во близина на Охридска банка кој сеуште чека да биде уреден од Локалната, охриѓани го користат како нов паркинг.После отстранувањето на времените објекти на повеќе локации низ Охрид, остана дел од површините за кои од Локалната објаснија дека ќе бидат просторно уредени. Еден таков пример е просторот во близина на раскрсницата кај „Охридска банка“, на кој некогаш имаше времен објект, кој беше отстранет. Иако истиот сеуште чека да биде уреден соодветно и како што му прилега на Охрид пред почетокот на туристичката сезона, сепак некои наши сограѓани решиле овој дел иако и не толку без…

Мај 5, 2014

Проектот за правилен развој на децата веќе се спроведува во Дебрца, во Охрид сеуште е на разгледување

Проектот за безбеден раст и правилен физички развој на децата кој го спроведува кинезитерапевтот Јован Каланоски успешно функционира во општина Дебрца. Овој проект пред околу 2 години се спроведуваше и во општина Охрид, а резултатите добиени од тогашните испитувања зборуваа за сериозен број на деформитети кај децата од основните училишта. Каланоски вели дека не само што процентот на деца кои имаат некаков деформитет е голем, туку и дека за жал тој процент од година во година расте. „Проектот е доста интересен како за нашиот град, така и за општините од околината, така и за децата и нивните …

Мај 5, 2014

Убавините на планетата Земја на фотографија

Планетата Земја и нејзините убавини инспирација за професионалните но и за фотографите аматери. Од 01.05 2014 до 31.05 2014 ќе се одржи натпревар за избор на најдобра фотографија како дел од проектот Вики ја сака Земјата. Овој натпревар на фотографии е организиран од Википедија за спомениците на природата и заштитените природни подрачја. Учесниците на натпреварот ќе имаат за цел да направат фотографии од природни паркови, природни резервати и споменици. По завршувањето на натпреварот ќе бидат доделени награди во две категории: за најдобра фотографија и за најдобар придонесувач. Одлуката за …

Апр 30, 2021

Православните христијани денес го одбележуваат Велики Петок, ден од Страдалната Седмица

Православните христијани денес во охридските храмови го одбележаа најтажниот ден во годината, Велики петок. Во пресрет на еден од најголемите христијански празници, овој ден се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жрва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на плаштот, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос. Црвената прекривка на која се из…

Мај 5, 2014

Бродска линија Охрид – Струга возможна понуда за туристите

  Воспоставување бродска линија на релација Охрид- Струга посакуваат охридските туристички работници. Додека се чека  меѓународната  бродска линија Охрид – Поградец нивна сугестија е што поскоро да профункционира сообраќајна линија и по воден пат помеѓу соседните градови.  Ова ќе биде одлична понуда за гостите  кои престојуваат во двата крајезерски града за разглед на туристичките знаменитости во двата града да патуваат со брод, вели Владо Суклоски туристички  работник и добар познавач на состојбите во туризмот. Според него, тоа финансиски  би чинело малку, а туризмот би добил многу. „ Имам…

Мај 5, 2014

Охриѓани се жалат на квалитетот на водата за пиење

Охриѓани деновиве се жалат на квалитетот на водата за пиење. Велат дека има чуден мирис и е заматена и додаваат дека по се изгледа тоа се должи на обилните дождови кои ги имавме изминативе денови.  Од Центарот за јавно здравје смируваат. Велат дека водата од градскиот водовод постојано се контролира и дека е со добар квалитет. -Апелирам до сите граѓани кои ќе почувствуваат или видат некое отстапување од квалитетот на водата да се јават во Центарот за јавно здравје или да ја користат нашата веб страна каде можат да се информираат за одредени препораки не само за водата туку за се она што е н…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top