Мај 8, 2014

Реформата на јавната администрација, главна тема на 70та средба на правниците од земјава

Измените во сетот на закони кои ја регулираат јавната администрација носечка тема на 70та по ред средба на правниците од Република Македонија. Заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска смета дека  измените во законите кои ја опфаќаат јавната администрација се во насока на обезбедување на поефикасна и поефективна јавна администрација. „Постојат повеќе новитети во законот, во сетот на закони, се работи за сет од закони кои беа усвоени. Генерално постапката на вработување, на селекција, на стручниот развој, стручното усовршување на вработените, тоа …

Мај 3, 2021

Во Општина Дебрца ќе се отвори откупен пункт за земјоделски производи

Советот донесе одлука за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зградата – дом с.Требеништа, со намена за отворање на откупен пункт за земјоделски производи. Со јавниот повик, кој ќе биде објавен ќе се повикаат сите заинтересирани инвеститори за отворање на откупен пункт за земјоделски производи. На последната 47 седница Советот на општина Дебрца ги усвои измените на персоналниот состав на општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди. Постапувајќи по барања на загрижени земјоделци, кои претрпеа штети на овошните насади о…

Мај 8, 2014

Квалитетно судско вештачење за избегнување на судските спорови

Квалитетното судско вештачење при сообраќајни незгоди е можност за избегнување на судските спорови. Ова е тематиката на која денес Бирото за судско вештачење, претставници од осигурителните компании од државава, Агенцијата за супервизија во осигурувањето како и странски експерти ќе дискутираат. Дени Ѓорчевски, директор на Бирото за судско вештачење на Република Македонија вели дека тие располагаат со добро потковани и искусни вешти лица кои постојано се надоградуваат, но и дека  работат со најсовремените софтверски решенија кои треба да обезбедат квалитетно судско вештачење.„Судските вештач…

Мај 8, 2014

ЈП „Охридски Комуналец“ во сабота ќе подига кабаст отпад

ЈП “Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 10.05.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Маршал Тито“ и населба „Охридати“.Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да м…

Мај 8, 2014

Еко опоменковци во ходниците на ОУ „Св. Климент Охридски” – Охрид

Во рамките на проектот „Интеграција на заштита на животната средина во  воспитно – образовниот систем на Република Македонија” во училиштето се спроведуваат многубројни активности. Членовите на еко одборот (ученици, вработени и родители) учествуваа во работилницата на која од отпадниот мтеријал направија кукли – еко опоменковци: од картонска амбалажа Картонко, од лимените конзерви Лименко, од пластичната амбалажа Винко и Винка. Овие симпатични кукли поставени се во училишниот ходник, а под нив се поставени корпи во кои треба да се селектира отпадот: хартија, лим, пластика. Куклите имаат зад…

Мај 8, 2014

Женски Центар „Бисера“ Охрид ќе го одбележи меѓународниот ден на мајката

Женски Центар „Бисера“ Охрид, по повод Мегународниот ден на мајката 9 Мај кој традиционално се одбелезува во светот и во Р. Македонија, во Охрид и оваа година ке организира свечено одбележување.За најдобрите литературни и ликовни детски творби по објавениот конкурс на тема „Мајка“ , ке се доделуваат награди и признанија.Оваа година манифестацијата ке се одржи во ОУ „Григор Прличев“ Охрид на ден 09 Мај 2014 год. со почеток во 18:30 часот.На оваа манифестација ке учествуваат сите основни училиста и детската градинка Јасна Ристеска, со своите програми.{loadposition content9}

Мај 8, 2014

Дел од „Варош“ денес без струја

Денес во преиодот од  од 11 до 15 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на улицата Рашанец и во дел од стариот дел од градот, стои во соопштениоето на ЕВН Македонија.Од компанијата објаснуваат дека причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е  реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.{loadposition content9}

Мај 7, 2014

Азбестни покриви над главите на нашите ученици

  Децата сеуште учат под азбестни покриви. Речиси сите основни училишта во градов се покриени со азбестни плочи кои не се променети со децении. Знаејќи ги штетните последици од азбестот кој е радиоактивен материјал ова е податок кој сите сериозно треба да не загрижи. Во основното училиште „Григор Прличев“ директорката Силвија Мојсоска вели дека и двете згради се покриени со азбест. Постарата зграда е од 1959 год. И тогаш покривот бил направен со азбестни плочи. И после реконструкцијата која била направена во меѓувреме тие не биле отстранети. И новата зграда која е изградена 1990 год е покри…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top