Од 21.00 часот (03.05.2021) до 05.00 часот (04.05.2021) констатирано е дека 53 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (03/04.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 384 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
Лавина реакции предизвикаа цените кои НП Галичица ќе ги наплаќа од 1 јуни. Љубителите на природата испраќаат остри критики на адреса на паркот. Има најразлични коментари од кои заедничка констатaција е дека високите цени го загрозуваат рекреативниот туризам. Засегнати од ценовникот се најдоа и параглајдеристите. „ Параглајдеристите од каде што ќе летаат ќе плаќаат 300 денари за 30 минути , а цена за дневно полетување е 1000 денари. Со овие цени ќе почне наплатата“, ги најави новините Огнен Достиноски од НП Галичица.Мендо Велјаноски, македонски светски првак во параглајдинг остро реагир…
Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид и Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделството, информираат дека е објавен јавен повик 02/2014 и 03/2014 за доставување на барања за користење на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година.Во меркатa 121 предвидени се средства за инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства, набавка на добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија, набавка на пчелни матици од регистрирано одгледувалиште, подигнување …
Ј.П.„Охридски Комуналец„постави 15 нови корпи за ситен отпад вдолж градскиот кеј, на потегот од градското пристаниште до Холандскиот Парк.Овие корпи се добиени со донација од АД.„Пакомак„-Скопје. Ј.П.„Охридски Комуналец„ има долгогодишна соработка со АД.„Пакомак„-Скопје во доменот на селектирање на амбалажниот отпад ,односно пластичниот отпад, хартиени отпадоци и лименки, со што се минимизира негативното влијание врз животната средина и се подигнува степенот на еколошката култура.Новите корпи за ситен отпад се состојат од два садови за депонирање отпад и пепелник за цигари: едниот сад е…
Организирањето на завршницата од кошаркарскиот куп на Македонија, Гимназијадата 2014та како и престојните финални средби во ракометниот куп на Македонија, само предвесник на многуте значајни спортски манифестации кои ќе се случуваат во Охрид во наредниов период. Директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев вели дека сите овие спортски настани ставаат до знаење дека Охрид полека станува центар на најзначајните спортски манифестации во земјава.
Тој со особена гордост го истакна одигрувањето на полуфиналните средби но и големото финале во ракометниот куп на Македонија во кои охриѓани ќе мо…
Документацијата од некогашната Специјална детска болница, од пред три месеци се наоѓа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“. После неколкуте прилози на ТВМ за состојбата во која се наоѓа документацијата и самиот објект на оваа болница надлежните од Државниот Архив на Р. Македонија, Подрачна единица Охрид, презеле мерки за средување на архивската граѓа која цели 6 години лежеше расфрлана по подовите на овој руиниран објект. Раководителот Илинка Јанева кажа дека наишле на големо разбирање од страна на директорот на болницата „Св Еразмо“, Митко Тилев.„Веднаш за нај…
Граѓаните кои живеат на дел од улицата „Прва македонска ударна бригада“ пред да излезат навечер надвор од своите домови обавезно си земаат батериска ламба. Оваа сообраќајница е опасна по живот бидејќи по неа се движат голем број возила, нема тротоар, а нема и улично осветлување. Ако жителите сами не си го осветлат патот не им се гледа прст пред око. Неколкуте бандери на кои се поставени светилките кои се прегорени се дополнителен проблем бидејќи се наоѓаат на самиот коловоз. И учениците кои учат во ОУ “Христо Узунов“ кога се попладне нашколо мора дома да си одат во темница. Граѓаните мак…
Веќе се бележи и пад на бројот на хоспитализации, како и на амбулантни прегледи, вели првиот човек Општа Болница Охрид, Др. Горан Балески, но додава дека кризата ни оддалеку не е надмината.
„Меѓутоа уште имаме пациенти, хоспитализирани се околу 70 пациенти моментално, од кои 40 се на кислородна подршка, од кои најмладиот има 50 години а најстариот 85 години. Меѓутоа имаме доволно кревети, па ако вака продолжи ќе почниме да ја вараќаме болницата оние оддели коишто се ковид центри да ги враќаме во нормална патологија, бидејќи имаме голем број пациенти кои не се поврзани со Ковид и имаме голе…