Мај 17, 2014

Донирајте – „Охрид од срце за Србија и Босна“

Црвениот крст од Охрид, веднаш по појавата на природната катастрофа која ги зафати подрачјата на Србија и Босна и Херцеговина, направи контакт со двете Национални друштва на Црвениот крст, односно со соодветните општински организации на Црвен крст во Србија и Босна и согласно материјално-техничките и човечки ресурси, понуди помош во екипи и опрема за спасување. Понудена е помош во спасителни чамци, тимови на спасители, тим за проценка на хуманитарните потреби на населението и станица за прочистување на вода, информираат од охридскиот Црвен крст. Согласно нивните проценки, во овој момент по…

Мај 17, 2014

Меѓународен ден на СОС линијата за помош на децата

Функцијата на СОС телефоните е од огромно значење бидејќи  овозможуваат гласот на секое момче и девојче да биде слушнат, посебно на оние кои се инволвирани во семејните проблеми и зависни од постапките на возрасните, кои пак не секогаш свесно и правилно постапуваат со децата. Добро е да се знае дека од помошта децата ги дели само еден телефонски повик, велат од првата детска амбасада Меѓаши.  Само во 2013 година на СОС телефонот за деца и млади 08001 2222 биле регистрирани 279 контакти, а со кои подоцна дополнително било комуницирано 969 пати. Од Меѓаши апелираат до претставниците на Владат…

Мај 17, 2014

Во криза атлетиката во Охрид

Управниот одбор на Атлетскиот Клуб, „Охрид“ ќе си поднесе колективна оставка, доколку во рок од 7 дена не се преземат мерки за надминување на финансиските проблеми, со кои овој клуб се соочува години наназад. Спортот што треба да е прв, е меѓу последните во Македонија. Базичен спорт, кралица на спортовите, основа за сите други спортови, така ја нарекуваат атлетиката во светот, вели Пецо Неданов. Тој додава дека немаат средства атлетичарите да ги пуштат на натпреварување а да не зборуваме за подготовки, опрема и некаков стимул.  „Управниот Одбор со овој проблем се бори веќе неколку години и …

Мај 16, 2014

Томислав Тунтев во правен вакум

Одземен советничкиот мандат на Томислав Тунтев.  Координаторот на советничата група на СДСМ  и претседател на општинската организација на партијата е разрешен со 13 гласови ЗА од  неговите колеги од позицијата, 7 против и 1 воздржан. Точката за престанување на неговиот мандат беше ставена како итна на дневниот ред на денешната 23 седница  која беше прекинувана со неколку паузи за правни толкувања.  Предлагач на точката беше советникот од Вмро Дпмне Коста  Трифуноски  и претседател на Комисијата за верификација на избори и именувања. „ Согласно одредени членови од Изборниот законик и членови…

Мај 16, 2014

Црвен Крст од Охрид подготвен да помага во Србија

Деновиве Црвениот крст од Охрид е во постојана комуникација со Крагуевац и Ужице, општините кои се погодени од катастрофални поплави, а со кои пак нашиот град е збратимен. Претседателот Сашо Точков, вели дека од нивна страна на двете српски општини им била понудена помош со она што тие го имаат на располагање, односно на готовс се единиците за спасување на планина и непристапни терени. „Ние веќе подготвивме 4 тима на спасители со потребната опрема, тоа се спасителни чамци , средства за спасување и дел од оние логистички ресурси кои што ги имаме дел ќебиња и останати производи кои што се сег…

Мај 4, 2021

Објавен е конкурс за стипендии за ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година

Објавен е конкурс за стипендии за ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието и со финансиска поддршка од Европската Унија. Стипендијата е во месечен износ од 50 евра во денар…

Мај 16, 2014

Девет годинки, како Охрид не бери гајле

 Девет годинки постоење на радио проектот „Охриде не бери гајле“. Проект кој се емитува на фрекфенцијата на „Супер радио“ речиси една деценија ги информира и забавува охриѓани. Четиричасовната емисија ја води познатиот актер и водител Жанко З’ш Голабоски, а дел од тимот се и Тони Џомба и DJ Јане кои несомнено го создаваат најслушаниот радио термин во Западна Македонија.„Девет години не се мала работа да го трпиш џомбава, шала настрана, и веќе кај луѓето стана навика, најнормално, добра музика, лесен муабет, без многу филозофирање, секојдневие. Дел сме на охридско струшкиот регион па и пошир…

Мај 16, 2014

Осум фармацевти од Охрид ќе можат да комуницираат со лицата со оштетен слух

  Осум фармацевти од Охрид ќе можат да комуницираат со лицата со оштетен слух. Тие успешно ја завршија обуката за комуникација со глуви и наглуви лица која ја спроведе националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Обуката била многу интересна и корисна и за фармацевтите и за глувите лица.-Досега лицата со оштетен слух навистина има проблем. Тие ќе му ја дадеа рецептата на апотекарот и тој ќе им го дадеше бараниот лек но не можеше да се воспостави една подобра комуникација. Не можеа да прашаат како лекот се употребува на…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top