„Имаме еден мал солистички настап. Ќе отсвирам неколку композиции. Така да идејата беше да се помогне, бидејќи сите знаеме дека не се случува ова многу често. Така да е добро да излезиме во пресрет на сите оние на кои им треба нашата помош. Нашите можности се скромни но сметам дека на еден начин ќе ги мобилизираме горе-долу граѓаните да донираат некој денар, што би им бил од голема корист на тие на коишто во моментот им е потребно.“-вели музичарот, Дамјан Пејчиноски.Клубот Џез Ин пак ќе ги донира средствата прибрани од разликата на куповната и продажната цена на продадените пијалоци. Сите…
Охрид навистина со срце се обедини за Србија и Босна и Херцеговина. Охриѓани се одзваа на повикот за хуманост кој до нив го упати Црвениот крст од Охрид заедно со локалната самоуправа. Неколкуте нивни пунктови низ градот постојано прибираат помош од хуманите граѓани кои во голем број, секој колку може донираат за настраданите семејства во Србија и Босна и Херцеговина. „Голема количина на помош е овде собрана во Охрид, тоа е од 3 до 5 тона имаме најразновидна помош којашто во текот на утрешниот ден и во среда ќе биде испратена во Црвениот крст на Македонија од каде со шлепери ќе тргне и втор…
Денес се одбележуваат 178 години од формирањето на првиот противпожарен одред во Битола. Овој ден се одбележува и како ден на македонските пожарникари.Од таа 1836 година, па до денес и во индина пожарникарите го ризикуваат својот живот за скопјани да имаат мирен сон знаејќи дека некој ги чува од пожари и елементарни непогоди.И охридските пожарникари и оваа година со своите специјални возила за гаснење пожар традиционално ќе продефилираат низ централните градски улици. А во склоп на одбележувањето на празникот традиционално се бира и најдобриот пожарникар за оваа година.{loadposition content9}
Чистење на крајбрежјето и уредување на плажите пред почеток на главната туристичка сезона најавува Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. За таа цел Општината има на располагање 6 милиони денари од владата и дополнителни 3 милиони денари обезбедени на последната седница на Совет со алокација на средства во општинскиот буџет. Процесот на расчистување на плажите ќе продолжи онаму каде што застана.
„ Имаме уште некои објекти кои предходно беа под легализација и во меѓувреме ги исчистивме во поглед на документацијата на потегот Св Стефан. Потоа ќе се продолжи со плажите после Метропо…
Охриѓанецот Филип Гавриловски е млад виртуоз на хармоника. Надежниот Гавриловски од сите меѓународни натпревари, дури и оние со најтешка конкуренција се враќа со освоено прво место. Во низата успеси и признанија Филип неодамна придодаде уште четири први места. Тој беше најдобар во својата категорија на меѓународниот натпревар што се одржа од 6 до 12 мај во Бјелина, Р. Српска. Од 134 претставници од 12 држави од Европа , Филип ја понесе првата награда за соло настап и специјалната награда за камерна музика. Гавриловски е неприкосновен во својата категорија и во Македонија. На Државни…
Имено,Ротаракт Клубот Охрид, како клуб на млади, следејќи ја состојбата и катастрофата што ја зафати Србија и Босна и Херцеговина, сочувствувајќи со сите свои пријатели и познаници, членови на Ротари и Ротаракт клубовите од овие земји и воопшто со сите тие луѓе кои ги затекна оваа елементарна непогода, почувствува силна потреба и должност, во рамките на своите можности да им излезе во пресрет и да ги поткрепи на граѓаните на овие земји кои можеби токму сега ја водат најтешката битка во нивните животи.За таа цел, Ротаракт Клубот Охрид, сакајќи да даде придонес кон актуелните масовни хумани а…
Липите на Партизанска заминуваат во заборав. Од денес започна сечата на овие повеќедецениски дрва како дел од реконструкцијата на дрворедот на улиците низ градов.
Од ЈП „Охридски комуналец“ кои се задолжени за реконструкција на дрворедите, велат дека постоечките дрвја на „Партизанска“ ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм. Од „Комуналец сметаат дека искуството со реконструкцијата на дрворедот на улицата „Димитар Влахов“ покажала дека лигуструмот има декоративен изглед и е отпорен на временски промени, аерозагадувања и заболувања и нема длабок корен, па токму затоа и дрворедо…
Ќе се брендира охридскиот чамец. Ова е идеја на Охридската капетанија која се планира да се реализира наесен откога ќе заврши туристичката сезона. Капетанот Горан Устијаноски вели дека охридскиот чамец или како што охриѓани го викаат кајче има свои специфики по кои е препознатлив и поради што тешко кој друг освен охридските мајстори може да го изработи.-Охридскиот чамец не е автохтон. Тој е донесен од Холандија, но во Охрид се развиле такви мајстори кои во неговата изработка оделе до такви детали поради што чамецот заслужува да остане онаков каков што е засекогаш, вели капетанот Горан Усти…