• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Со хуманитарен настап за настраданите и охридскиот музички виртуоз, Дамјан Пејчиноски

Со хуманитарен настап за настраданите и охридскиот музички виртуоз, Дамјан Пејчиноски

Хуманитарниот настап на Пејчиноски ќе се случува во среда, во 21часот во клубот Џез Ин. Со купување на влезницата во износ од 100 денари и вие  ќе донирате за настраданите.

 |  Мишел Наумоски  | 
Pejcin nastap
Пејчин настап

 

Pejcinoski za Srbija i BiH„Имаме еден мал солистички настап. Ќе отсвирам неколку композиции. Така да идејата беше да се помогне, бидејќи сите знаеме дека не се случува ова многу често. Така да е добро да излезиме во пресрет на сите оние на кои им треба нашата помош. Нашите можности се скромни но сметам дека на еден начин ќе ги мобилизираме горе-долу граѓаните да донираат некој денар, што би им бил од голема корист на тие на коишто во моментот им е потребно.“-вели музичарот, Дамјан Пејчиноски.

Клубот Џез Ин пак ќе ги донира средствата прибрани од разликата на куповната и продажната цена на продадените пијалоци. Сите собрани средства ќе бидат уплатени на жиро сметката за помош на жртвите во Србија и БиХ. Својата хумана страна ја покажуваат и спортисти и музичари од регионот и од светот.

Со хуманитарен настап за настраданите и српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ. Тој ќе ги донира освоените 700.000 евра од турнирот во Рим. Светската музичка легенда, Били Ајдол кој треба да одржи концерт токму во Србија, на својот твитер профил најави дека дел од заработката од продадените билети ќе оди за погодените подрачја.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top