Мај 27, 2014

И забаено и забораено

Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“ и понатаму опасна по безбедноста на пешаците. И покрај безбројните ветувања од надлежните, веќе десеттина години семафорите кои се поставени на улицата не се во функција и сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација. Учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Тие бараат под итно да се пуштат семафорите во функција.Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски вели дека како училиште се најзасе…

Мај 27, 2014

Од утре ќе се објавуваат распоредите за екстерното оценување

Сите основни училишта од утре ќе почнат да објавуваат распореди за екстерното оценување на учениците кои ќе содржат име и презиме на ученикот, како и датум и час на полагање без предметите по кои ученикот ќе се тестира.Дополнително предметот што ќе го полагаат ќе биде објавен три дена пред полагањето. Тестирањето ќе се одржува во неколку денови, од  втори до 10-ти јуни, а секој ученик ќе биде тестиран по два предмети.Од прашањата на екстермото до МОН пристигнале околу 3.400 забелешки и за сите е направвена соодветна корекција.„Резултатите од тестирањето ќе бидат објавувани етапно, со тоа шт…

Мај 7, 2021

Преку институционално обединување до искористување на потенцијалот на обновливите избори на енергија

Директорот на Агенцијата на Eнергетика Дарио Николовски оствари средба со претседателот Марко Бислимоски, потпретседателот Енвер Ељмази и комесарите Андријана Нелкова – Чучук  и Атанаско Тунески на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РС Македонија. На средбата беше покренато прашањето од потребата за институционална соработка преку која на инвеститорите би им се понудила подобра презентација за инвестиции во делот на обновливите извори на енергија. „Институционалната соработка значи директна помош на потенцијалните инвеститори при нивната одлука за вложување на својот к…

Мај 27, 2014

Вдиши театар

Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви најавува одржување на Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши театар“.Целта на овој Аматерски Младински Театарски Фестивал е поттикнување на средношколците во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на драмските секции од училиштата, но и поттик за професорите во осмислување и креи…

Мај 27, 2014

Дански културен настан во Охрид

Општина Охрид и НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид заеднички организираат концерт на “Хорот Копенхаген” од Данска.Концертот ќе се одржи на 29-ти Мај (Четврток) во 18:00 часот во Центарот за култура во Охрид. Влезот е слободен.Хорот Копенгаген е формиран во 1951 година и има богато концертно искуство.На Програмата се дела од скандинавски автори, како и на Хендл и Вивалди.На концертот ќе настапи и Градскиот Хор од Охрид.{loadposition content9}

Мај 27, 2014

„Балкон со поглед на море“

НУ Центар за култура Григор Прличев-Охрид, Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија во ПЕТОК 30-ти Мај 2014 во 20.00 часот во кино-салата на Центарот за култура ќе го прикажат филмот ,,Балкон со поглед на море”, на режисерката Никол Гарсија.Кино проекциите продолжуваат во деновите 31-ви (сабота) мај, 3-ти (вторник), 4-ти (среда) и 5-ти (четврток) јуни 2014 година, влез 50 денари.Се работи за драма која критиката уште ја нарекува ,,трилер на чувства” или ,,класична драма на начинот на Хичкок”, во која главните улоги ги толкуваат со оскаровецот Жан Дижарден, Мари-Жозе Кроз и …

Мај 26, 2014

Нов советник и нови координатори во советот на општината

Виолета Мицкоска е новиот член во советот на Општина Охрид. Таа доаѓа од редовите на СДСМ и е на местото на Томислав Тунтев кој беше разрешен поради верификација на неговиот пратенички мандат. Инаку, Мицкоска беше и во претходниот состав на советот на општината. Денес беа назначени и новите координатотри на советничките групи. Илија Арнаудоски од ВМРО ДПМНЕ ќе биде гласноговорникот на владејачкото мнозинство во советот.  А кај опозиционерите оваа функција ќе ја извршува носителот на листа на СДСМ, проф. д-р Јован Стојаноски. Арнаудоски доаѓа на местото на Сашо Донев кој сега ја извршува фун…

Мај 26, 2014

Oваa локална власт ја повтори грешката од минатото, обвинува Станкоски

Изгласани најинтересните точки од дневниот ред на продолжението на дваесет и третата седница на градскиот совет. „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП„ Билјанини извори“ за усвојување на физибилити студија“ и  „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори“ кренаа најголема прашина и отворија голем број дискусии. Јоне Станкоски од ВМРО НП потсети…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top