Мај 30, 2014

На охридските градски гробишта има тоалети

ЈП „Градски гробишта“ на само неколку дена од празникот Духовден, на големо се подготвува да ги уреди гробиштата. Но, граѓаните забележуваат дека недостасуваат јавни санитарни јазли. Првиот човек на ЈП, Зоран Симоноски не се согласува со ваквата забелешка и појаснува дека имаат тоалети, кои се функционални и истите се со задоволителен квалитет.„Не се согласувам дека во овој простор воопшто нема тоалети во самиов објект покрај тоалет за вработените имаме тоалети од отворен тип за граѓаните“- вели Симоноски.Симоноски го оправдува барањето на граѓаните дека треба да има повеќе санитарни јазли …

Мај 30, 2014

„Од отпад до кеш“

  ОУ „Св. Климент Охридски” Охрид активно учестува во многубројните еколошки проекти. „Од неодамна тоа стана и дел од проектот „Од отпад до кеш : Одржив развој и економско зајакнување на неформалните собирачи на отпад преку рециклирање на отпадот во прекуграничниот регион со Албанија”. Денес училиштето беше домаќин на студиската посета на претставниците од Република Албанија, учесници на овој проект. Учениците и вработените им ги презентираа на гостите многубројните  активности во рамките на еколошката едукација на учениците, а посебно ги истакнаа своите проекти за селекција на отпадот и ре…

Мај 30, 2014

Ана Томевска – учесник на студентската YES програма

Гимназијалката Ана Томевска, ученичка од II – 4 клас при ОСУ “Св.Климент Охридски”, ќе биде дел од  YES програмата за меѓународно образование.Ана Томевска возбудено ни раскажува како за програмата YES била информирана и добила препораки за истата, од нејзината професорка по англиски јазик Сузана Ристеска.“Професорката Сузана не информира и не поттикна да учествуваме на натпреварот за познавање на англискиот јазик кој се оддржа во Струга во Септември 2013. Тестирањето се состоеше од три круга и тоа општо знаење на англискиот јазик, како и пишување есеј. За резултатите од вториот круг се чека…

Мај 30, 2014

Тешка сообраќајка кај Ново село

Три лица се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 17 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на Ново село, инофрмираат од СВР-Охрид.Поради сериозноста на повредите, по првично пружената неопходна медицинска помош во болницата „Св.Еразмо“, доцна синоќа во ургентниот центар во Скопје испратени се П. К. (48) и С.П. (46) двајцата од Охрид. Во болницата „Св.Еразмо“ задржан е И.П. (24) од Охрид кај кого биле констатирани скршеници во левата натколеница. Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „…

Мај 30, 2014

„Комуналец“ ќе подига кабаст отпад во нас. „Гоце Делчев“

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 31.05.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.„Гоце Делчев„ (населба „Бараки„).Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.{loadposition content9}

Мај 7, 2021

ОХРИД ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Со низа активности поддржани од Владата на Република Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Центарот за јавно здравје на 10 мај 2021 г. (понеделник) во Охрид и неколку градови во државава ќе се одбележи Светскиот ден на физичката активност. Во рамки на одбележувањето, Општина Охрид заедно со Сојузот на училишни спортови и спортски клубови од градов организираат спортски активности кои ќе се одржат на Кеј „Македонија“ во период од 11 до 12 часот. Спортувањата ќе бидат согласно протоколите за КОВИД 19, а за учесниците задолжителни ќе бидат заштитна маска и физичката дистанца. Пред…

Мај 30, 2014

Улиците „Бекир Али Риза“ и „Охридска бригада“денес без струја

Денес, 30-ти мај, од 10:30 до 17 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на улицата „Бекир Али Риза“ и дел од „Охридска бригада“, информираат од ЕВН Македонија.Од компанијата со објаснување  дека причина за  прекинот е реализација на инвестициони зафати кои се преземаат од страна на ЕВН за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.{loadposition content9}

Мај 29, 2014

Писи – педија, нов софтвер во Охрид

За првпат во Македонија се јавува нов софтвер, Писи-педија, кој денес и официјално беше промовиран. Како што изјави Ангел Јанев, еден од основачите на ПИСИ, новиот софтвер има две карактеристики, односно спој на википедија електронската енциклопедија од една страна, со мудл, софтвер наменет за електронско тестирање од друга страна.„Јас се надевам дека овој софтвер ќе биде почеток и повик до сите млади луѓе, морам да кажам дека е производ на образовниот центар ПИСИ и на учениците кои излегоа од тука. Тоа не се веќе ученици тоа се искусни програмери има повеќе од 30 години со 10 години работн…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top