На охридските градски гробишта има тоалети

Охриѓани не се доволно информирани дека градските гробишта поседуваат јавни тоалети. Зоран Симоноски директорот на ЈП „Градски гробишта“, потврдува дека тоалети има, а во план било и изградба и на нови.

 |  Николоска Биљана  | 
tgoalet grobista
тоалет гробишта

simonoskiЈП „Градски гробишта“ на само неколку дена од празникот Духовден, на големо се подготвува да ги уреди гробиштата. Но, граѓаните забележуваат дека недостасуваат јавни санитарни јазли. Првиот човек на ЈП, Зоран Симоноски не се согласува со ваквата забелешка и појаснува дека имаат тоалети, кои се функционални и истите се со задоволителен квалитет.

„Не се согласувам дека во овој простор воопшто нема тоалети во самиов објект покрај тоалет за вработените имаме тоалети од отворен тип за граѓаните“– вели Симоноски.

Симоноски го оправдува барањето на граѓаните дека треба да има повеќе санитарни јазли во рамките на просторот на кој се протегаат гробиштата, посебно имајќи го во предвид фактот дека парцелите постојано се прошируваат.

grobista„Ние сме спремни и предвидуваме со нашите проекти за изградба на дополнителни тоалети. Тоалетите не се голема инвестиција тоа ќе може да го поднесе ЈП, но во тек е изработка на ДУП за овој потег, така да со тој план ние како ЈП веќе имаме подготвено елаборат и за проширување на мнови парцели така да тие тоалети што треба да се изградат ќе бидат вметнати во самиот проект“ – убедува Симоноски.

На градските гробишта во Охрид пред две години предвидена беше изградба на 4 јавни тоалети, три во христијанскиот дел од гробиштата и еден во муслиманскиот дел. Тогашното раководство за таа намена побара и кредит, што како одлука, на Совет не беше поддржана.
Проблемот со јавните тоалети не само кај градските гробишта, туку воопшто во градов тапка во место.
Охриѓани веќе веруваат дека надлежните структури тоа воопшто и не го сметаат за проблем.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top