Најубавите цреши од Требеништа, најубавата староградска музика и најубавите ликовни дела од ликовната колонија во Белчишта, на едно место. За прв пат одржана манифестацијата „Црешнобер“ во селото Требеништа, општина Дебрца. Локалната самоуправа од Дебрца, смета дека токму преку ваквите манифестации присутните ќе можат да се запознаат со значењето на традицијата на ова поднебје, со продуктите кои се негуваат, со песните и ората кои од колено на колено се пренесувани. Основната цел на оваа манифестација, според локалната самоуправа од Дебрца е да се промовира црешата како бренд на селото Треб…
И годинава бесплатно летување за дечињата од охридските семејства со социјален ризик. Проектот на Министерството за труд и социјална политика предвидува ова право да го искористат децата чии родители се корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток, посебен додаток како и деца без родители и родителска грижа. Годинава опфатени се децата родени во периодот од 1999 до 2003та година, односно оние кои во моментот посетуваат настава од петто до осмо одделение. „Аплицирањето за користење на ова право се врши во Центарот за социјална работа, со поднесување на барање…
104 основци од 17 земји од Балканот, Европа и Азија, ги одмеруваат своите математички знаења на 18 -тата Јуниорска Балканска математичка Олимпијада. Основците од 6, 7 и 8 одделение решаваа оргинални задачи од 4 области, алгебра, теорија на броеви, геометрија и комбинаторика. 5-мина врвни математичари работеа на состав на 30 тина задачи кои потоа се проследуваат до жири, кое пак ги бира 4-те задачи од наведените области, укажува Проф. Ристо Малчески главен координатор на Балканијадата. Освоените места на Балканијадите се доста ценети во светот и се влез за студирање на сите престиж…
Охриѓани како да подзаборавија да го почитуваат Законот за јавна чистота. Насекаде по градов повторно можат да се видат расфрлани отпушоци, гуми за џвакање, повторно се сечат дрва на јавна површина, се фрлаат отпадоци на улица се продава зеленчук на импровизирани тезги. -Хигиената не е на завидно ниво, се фрлат отпушоци насекаде, вели еден наш сограѓанин.-Криви сме и ние граѓаните ама и тие кои треба да го спроведуваат законот. Нека казнуваат па ќе видиме дали некој ќе фрла каде ќе му текне, вели друг.-Секој фрла каде ќе му текне, кај нас ништо не функционира, вели еден охриѓанец.Непочиту…
15 годишнина од одбележувањето на 21 Јуни, Денот на Охридското Езеро. Уште од 2000та година, овој ден се одбележува со посебна манифестација во еден од трите града кои лежат на Охридското Езеро, Охрид, Струга и албанскиот Поградец.
Годинава, токму Поградец е домаќин на одбележувањето на Денот на Охридското Езеро. За посетителите од крајезерските градови, домаќините организираа саем на традиционални производи, културни и спортски манифестации. Во агендата е поместено и свечено отворање на два хотелски капацитети. Од Охрид, на настанот во Поградец ќе учествува заменик-градоначалникот на Охри…
Младиот, 16 годишен Зекир Ајруш се врати со бронзен медал од престижната интернационална олимпијада за екологија која се одржа во Њу Јорк, САД.
Зекир, бронзениот медал го освои претставувајќи го својот проект – фотографија на која го прикажува сметот кој го крие езерото, како и човековите обиди да го сокријат тоа наместо да се справат соодветно со отпадот. На фотографијата е претставено и дете кое ја открива тајната која возрасните сакаат да ја сокријат. Главна идеја на младиот генијалец Зекир, е да покаже дека проблемите не се решаваат со нивно прикривање. Пред се, се мисли на отпадот во …
Сообраќајната култура треба да е одлика на секој поединец затоа што секој е учесник во сообраќајот како пешак, велосипедист, мотоциклист, возач на моторно возил, патник. Секој поединец носи одговорност за личната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Децата од најмала возраст треба да се учат да бидат внимателни, одговорни, културни и толерантени учесници во сообраќајот, посочува м-р Соња Д.Шикалоска која по повод 11 мај – “Ден на култура во сообраќајот“ одржа едукативно предавање за учениците во ОУ Григор Прличев. „ Со презентирање на основните правила и прописи ние ја зголе…
Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца годинава за прв пат го одбележуваат 20 јуни, денот на пензионерите. Ова здружение постои цели 64 години. Годинава Локалната Самоуправа на Охрид, на охридските пензионери им дала средства, овој ден да го одбележат скромно и без помпезности, како што изјави претседателот на Извршниот одбор на ЗП Ѓорѓи Трпчески.„Поканети беа од Локалната самоуправа и од оправдани причини поради нивните активности во Поградец денес тие не присуствуваа, но во некоја друга пригода ќе не удостојат и ќе бидат присутни на нашите активности. Затоа ние не дадовме некоја го…