Припадниците на граничната и езерската полиција од Охрид одлично се покажаа во спасување на вода. Денес тие демонстрираа дел од стекнатите вештини во тридневната обука која инструкторите од операцијата „Флоријан“ и Црвениот крст од Охрид ја спроведуваа токму за нашите полициски службеници.
Тие успешно извлекоа давеник од водите на Охридското езеро, третираа отворени рани, даваа вештачко дишење на бебе. Сето ова беше дел од нивната денешна демонстрација која се случуваше на малото пристаниште спроти хотелот Палас.„Оваа обука значително ќе придонесе во професионалното, ефикасно и ефективно сп…
Доцни манифестацијата „Бело лето 2014 “ замислена да го означува почетокот на летната туристичка сезона. Деновите од месец јуни полека се ситнат, а Локалната самоуправа сеуште не ја објавува програмата. Минатата година за прв пат со доцнење се одржа Бело лето во месец јули. За ова лето манифестацијата беше најавувана дека ќе почнува порано во месец јуни. Замислата на манифестацијата е да се промовираат три сегменти од туристичката понуда на Охрид, руралниот туризам, занаетчиството и традиционални производи и алтернативните форми на туризам, привлекување туристи по примерот на повеќето…
Деновиве охрѓани во дел од парковката површина на болничкиот комплекс, во непосредна близина на инсталационите цевки за парно и вода забележале лисица. Според нивните кажувања лисицата била окотена тука бидејќи имало и 5 мали лисици. За оваа појава побаравме одговор од првиот човек на болницата Љубен Арнаудов. Тој беше затечен од состојбата бидејќи денес му беше првиот работен ден после искористување на годишениот одмор. Објективот на нашата камера не ја регистрира лисицата, но имаше видливи траги дека престојувала тука, според ископаните дупки, пердуви од кокошки, разни крпи кои ги влечкал…
Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид ја организираше традиционалната донаторска акција во месец јуни. Оваа акција велат дека ќе продолжи и во наредните години. Особено се задоволни бидејќи во оваа нивна акција добиваат поддршка и од останатите лајонс клубови и хуманитарни организации од градов. Благодарност добија и од Црвениот крст од Охрид преку кои се спроведе оваа акција.„Оваа акција секогаш ни е поддржана од сите други лајонс клубови, лајонс клуб „Лихнидос“, „Охрид“, „Деница“ и „Ротари“ клубот. Собраните донаторски средства оваа година одлучивме да ги дадеме во вид на пакети на храна, на …
Општина Вевчани во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип ќе го организира во рамки на Проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Форумот во заедницата ќе овозможи идентификување на специфичните потреби и приоритети на граѓаните од сите групи во општина Вевчани, а со цел обезбедување услови за приоретизирање на програмите и проектите како и истовремено подобрување на структурата на програмите во општин…
Докторите и медицинскиот персонал од Охрид први ќе се откажуваат од пушењето во новоотвореното советувалиште за откажување од пушење. Високиот процент на пушачи во категоријата здравствени работници ќе се намалува во она што се нарекува прва фаза од функционирањето на советувалиштето за откажување од пушење. Во втората фаза, откако ќе се справат со сопствената зависност, здравствените работници ќе се обидат да им помогнат на нивните пациенти да го сторат истото. Ова советувалиште ќе функционира во рамките на Центарот за јавно здравје од Охрид, а е дел од поголемата мрежа на советувалишта на…
И ова лето забраната за скутерите важи во периодот од 11 до 19 часот. Од охридската капетанија објаснуваат дека во овој временски интервал е најголемата фрекфенцијата на капачи па затоа ќе се воведуваат засилени контроли како не би дошло до некоја несакана незгода. Капетан Горан Устијаноски вели дека колку што е во нивна можност ќе дејствуваат едукативно и превентивно, но апелира управувачите на пловилата строго да се придржуваат до законите прописи, а доколку не се почитуваат од страна на инспекторите ќе следува забрана за пловидба, дециден е првиот капетан во Капетанијата на пристаништа …
За 10 дена такси постојката на влезот од Горна порта, Кошишта ќе прерасне во пешачка зона. Оваа локација е само една од неколкуте во градов кои ќе се дислоцираат, согласно одлука на охирдскиот Совет. Како што изјави Љупчо Танески од Секторот за комунален развој и сообраќај, ваквите зафати се со цел да им се излезе во пресрет на барањата на Урбаните заедници, во случајов Кошишта, а секако тоа се реализира во координација со стручните служби на општината и сообраќајните инспектори при СВР Охрид, „Во летниот период заради оваа такси станица се формираше едно тесно сообрќајно грло кое што мораш…