Јул 7, 2014

Пукната водоводна цевка ги поплави дворовите на „Никола Карев“

Дворот на семејна куќа која се наоѓа на улицата „Никола Карев“, претворен во езерце. Веќе една недела тече вода од пукната водоводна цевка и ги поплавува имотите на граѓаните кои живеат тука. Дефектот бил пријавен уште минатиот понеделник, дошле некои екипи, нешто интервенирале, но не го решиле проблемот, водата и понатаму си тече, раскажува Ристе Карадимче еден од сопствениците на куќите чиј двор е поплавен.-Вишнава ми се исуши овде е се влажно и мислам дека  водата ми е навлезена и во темелите на куќата. Се чудам и не можам да разберам  ако ми се оштетат темелите кој ќе ми плати за тоа. Т…

Мај 14, 2021

„Учи паметно, работи стручно“ денес во Охрид се одржа отворен ден за промоција на стручното образование

„Учи паметно, работи стручно“ е кампања која МОН ја спроведува во соработка и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија , преку која учениците се стекнуваат со пракса и потенцијално вработување по завршување на образованието, а компаниите добиваат стручно оспособен кадар кој на дадените работни задачи ќе одговори на стручен начин. Денес, министерката за образование во Владата на Република Македонија Мила Царовска, изврши обиколка на пунктовите во двете училишта, за промоција на дуалните паралелки. Ако минатата година имало отворени 11 дуални паралелки, оваа учебна годи во земјава ги има 90, о…

Јул 7, 2014

Летниот режим на сообраќај, може да започне!

Деновиве, екипи на Секторот за комунална дејност,сообраќај и улици при Општина Охрид во координација со екипи на јавните претпријатија “Охридски комуналец“ и “Нискоградба“ со помош на стручни лица и механизација го воведуваат летниот режим на сообраќај на територијата на општина Охрид.Со жардинјери се ограничува просторот на улицата “Кеј Маршал Тито“ којa во оваа летна туристичка сезона ќе биде вистинско шеталиште. Се поставува и соодветна вертикална сигнализација која укажува на летниот режим на сообраќај и одредбите кои произлегуваат од него а се обврзани да ги почитуваат пешаците и учесн…

Јул 5, 2014

Меморандум за соработка во социјалната сфера

Денес беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу НВО „Светла иднина 2009 “ и „Подобар живот“. Поради исклучителен придонес кон развојот на мултиетничката демократија во Охрид како и афирмација на етничката заедница Египќани овие две НВО, како акт на добра воља го прогласија градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески за почесен член на коалицијата на организациите на египќаните од Охрид.„Предмет на овој меморандум за соработка е меѓусебната соработка и заеднички настапи во апликација и реализација на проекти од сферата на човековите права и слободи социјалните и хуманитарните права. …

Јул 5, 2014

Момче од кочанско се удави во Охридското Езеро

Младо момче се удави во водите на Охридското Езеро. Безживотното тело било забележано утрово во 7 часот и 20 минути од страна на случаен минувач и за тоа веднаш била известена П.С. Во Охрид. Од страна на надлежните служби излезено е на терен и преземени се сите мерки кои полициските службеници ги преземаат кога станува збор за ваков трагичен настан, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. „Она што можам посебно да го потенцирам во овој момент е дека се работи интензивно на идентификацијата на безживотното тело, значи полициските службеници посветуваат максимално внимание на утврдувањ…

Јул 5, 2014

Осветено спомен обележјето Фаќач на крст

Осветен „Фаќачот на крст“. Спомен обележјето во чест на големиот христијански празник Богојавление-Водици денес доби благослов од Македонската православна црква, а поздравено од поранешните кумови на манифестацијата, членови на Здружението за целосна афирмација на Македонската православна црква, „Богојавление“ како и бројни граѓани на градското пристаниште. Според градоначалникот на Охрид, и кум на „Водици 2014“, Никола Бакрачески, со спомен-обележјето само се продолжува традицијата што е вкоренета во меморијата на охриѓани низ вековите. „Нешто што се пренесувало од генерација на генерација…

Јул 5, 2014

Непознат идентитетот на давеникот чие тело беше пронајдено утрово

Телото е видено од граѓанин на оддалеченост од околу 5 метри од платформата на еден угостителски објект во централното градско подрачје каде длабочината на езерската вода е околу 2 метри. Се работи за машко лице од близу 25 годишна возраст, со кратка коса и висина од 180 сантиметри. Во моментот на пронаоѓањето бил облечен во сини фармерки во кои имало еден клуч, најк патики, бела кошула со долги ракави а под неа германски спортски дрес. На местото на настанот увид изврши јавен обвинител и полициски екипи. На безживотното тело не се забележани траги на насилство а во текот на денов ќе биде и…

Јул 4, 2014

Пештани доби летна дежурна служба

Во туристичката населба Пештани после 9 месеци повторно проработува службата за примарна здравствена заштита. Денес во Пештани и официјално се отвори новиот пункт на Здравствен дом Охрид. Целта е на осигурениците но и за туристите да им се овозможи континуирана и достапна здравствена заштита, вели директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова.„Дежурната служба има обврска да овозможи во периодот кога нема покриеност за здравствена заштита на населението да се активираат капацитетите на Здравствениот Дом и матичните лекари и токму Пештани практилн…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top