Мај 18, 2021

Се уредува просторот во близина на подрачното училиште “Свети Климент Охридски” во населбата Далјан

Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” деновиве спроведоа активности за расчистување на просторот во непосредна близина на подрачното училиште “Свети Климент Охридски” во населбата Далјан. Со помош на механизација, просторот е целосно исчистен од дива вегетација, капини, коров и трева. Како дел од редовните активности за одржување на јавното зеленило во градот, екипите на претпријатието се тековно ангажирани за косење на тревните површини на улиците, во дворовите од градинките, градскиот парк и во дел од селските населби.

Јул 15, 2014

Се бара инвеститор за скијачкиот центар на Галичица

Се бара инвеститор кој ќе изгради скијачки центар на планината Галичица. Компанијата која ќе инвестира во развојот и изградбата ќе стопанисува со ски центарот и одмаралиштето „Галичица“. Ски центарот на „Галичица“ ќе биде планинско-езерско одмаралиште за четири сезони. На љубителите на зимските спортови ќе им се овозможи  алпско скијање. Во летните месеци ќе има разни рекреативни активности. На едно место ќе се спојат сите туристички  вредности во  едно планинско  одморалиште сместено во национален парк. За ваков  долго посакуван центар од охриѓани и туристичките работници, владата има расп…

Јул 14, 2014

Охриѓани се жалат на квалитетот на обележаната хоризонтална патна сигнализација

Охриѓани се жалат на квалитетот на обележаната хоризонтална патна сигнализација. Иако процесот на бележење на истата сеуште не е завршен, после само 10тина дена откако се започна со бележење, дел од пешачките премини и другата хоризонтална сигнализација на најфреквентната охридска улица, булеварот „Туристичка“ одвај да се препознаваат. Граѓаните со свој став.„Не е добро тоа. Јас не живеам тука. Ама не е добро, ова треба да се поправи.“„Не изгледаат дека се нови обележани, многу чисти.“„Не се обележани, но сепак спрема други места добри се.“„Добро се обележани, ама да не е во гужва, да побрз…

Јул 14, 2014

Нема пари за изградба на цветен пазар

Доцни реализацијата на проектот за изградба на цветен пазар. Уште пред шест месеци беше обелоденето дека на плоштадот „Крушевска Република“, кај Чинарот, на самиот влез на пазарот треба да биде новата локација на современиот цветен пазар. Според планот инвестицијата требаше да изнесува 30 000 евра. Овие средства во моментов ЈП „Градски Пазар“ ги нема , а заради презадолженоста на општината и таа не е во можност да ги издвои овие пари. ЈП „Градски Пазар“ нема можност оваа идеја да ја реализира ниту со земање  кредит од комерцијалните банки, бидејќи претпријатието не располага со имот, а обје…

Јул 14, 2014

На Охрид му требаат глисер или хеликоптер за брзи интервенции при несреќи

Параглајдерист во несреќа  загина кај Љубаништа, вчера. Навреме интревенирале и спасителиете на вода и медицинската помош, но немало спас за серизоните повреди со кои се здобил параглјадеристот, информира Сашо Точков претседател на ЦК Охрид.  Точков вели дека нема виновници за вчерашниот трагичен настан и ги отфрла  шпекулациите кои вчера се појавиле во медиумите за доцнење на итната медицинска помош. Возилото пристигнало на време со  оглед на условите на патот и оддалеченоста на Љубаништа од градот. Сепак оваа несреќа отвори дилеми дали градот има соодветна опрема за брза интревенција на о…

Јул 14, 2014

„Охридско лето“ по 54-ти пат

Охрид и годинава ќе ги собере уметниците од сите страни на светот, а македонската и светската публика во наредниве четириесет дена ќе ужива во нивната интерпретација на уметноста. Палењето на фестивалскиот оган на античкиот театар во Охрид и годинава го означи почетокот на уште едно, 54-то по ред „Охридско лето“. Честа да ја отворат оваа најголема музичко – сценска манифестација во земјава годинава им припадна на италијанските оперски ѕвезди, Барбара Фритоли и Лео Нучи. Пред публиката која традиционално го следи македонскиот синдром да доаѓа пред самиот почеток на настанот, оперските ѕвезди…

Јул 14, 2014

Започнаа подготовките за изградба на луксузен бутик хотел над плажата Горица 3

На ридот, над плажата Горица три започнаа подготовките за изградба на хотелски копмлекс. Просторот е ограден, започна сечењето на шумичката со иглолисни стебла  и поставена е табла со податоци за објектот. На овој потег ќе се гради луксузен хотел,  ја најавува градежната хотелска инвестиција градоначалникот Никола Бакрачески.„ Тоа е еден од познатите проекти со кој Локалната самоуправа и Охрид  се гордеат. Тука е најавена изградба на лукзузен хотел, бутик хотел, од групацијата Small Luxory Hotels.    Инвеститори ќе се Дивелоп груп кои имаат обврска да почнат со изградба на лукузен хотел кој…

Мај 17, 2021

Лажен полицаец изнудива пари од жители на Охрид, Струга и Кичево

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое, деновиве преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, Струга и Кичево, лажно се претставува како полициски службеник.„Осомничениот врши измама за наводно случена сообраќајна незгода во која жртви или тешко повредени, се членови на нивните семејста.Притоа, предизвикувајќи огромна вознемиреност, бара пари за понатамошна постапка, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Димоски апелира до граѓаните да не наседнуваат на вака добиени телефонски известувања и истите да ги  пријават на 192  или лично во најблиската полициска станица.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top