Јул 17, 2014

Една патека ќе се руши ,а друга ќе се гради од пристаниште до Канео

  Изградба на пешачка патека и поврзување на градското пристаниште со Канео и Лабино, најави охридскиот градоначалник Никола Бакрачески. Оваа идеја е прифатена и веќе влегла во владините проекти, а се планира да се гради во две фази. Деновиве се очекува средба со општинските претставници и Министерството за транспорт и врски во врска со овој проект, информира Бакрачески. „ Всушност со иницирање на овој проект и обезбедување средства за изградба на ваква пешачка патека за која во овој момент има поделени мислења. Поголем дел од граѓаните на Охрид одамна бараат изградба на пешачка патека покр…

Јул 17, 2014

Цистерна се заплетка во пајаковата мрежа од кабли

Цистерна со скопски регистрации синоќа околу 23 часот на пресекот на улиците „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ сруши два електрични столоба од уличното осветлување и пет столбови од кабелските оператори. Немилиот настан се случил поради тоа што каблите од повеќе оператори биле поставени пониско од пропишаните 4 и пол метри, па цистерната која била со висина од 3метри и 90 се заплеткала во нив. За среќа освен материјална штета немаше повредени во синоќешниот инцидент, но очевидците кажуваат дека сликата била застрашувачка, а во еден момент згаснало целото улично осветлување. Цела вечер…

Јул 17, 2014

Цистерна се „фати“ во охридската пајакова мрежа

„Пајаковата“ мрежа од кабли над градов синоќа за момент беше прекината. Цистерна со скопски регистрации синоќа околу 23 часот на пресекот на улиците  „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ успеа да сруши еден електричен столоб од уличното осветлување и два телефонски столбови. Извесно време беше пренасочен и сообраќајот на овие две улици, поради остатоците од електричните столбови кои завршија на коловозот.За среќа освен материјална штета немаше повредени во синоќешниот инцидент.  {loadposition content9}

Јул 16, 2014

Нелегален приклучок на канализациона шахта-причина за загадувањето на реката Сушица

Канализациона шахта која се прелева е причината за загадувањето на реката Сушица. Жителите на Радојца Новичиќ години наназад реагираат на постојаното преплавување на шахтата, но и одвратната миризба која се шири, а која за нив, за жал е секојдневние. Одговори побаравме од локалната самоуправа. Од таму ни одговорија со допис, велејќи дека проблемот настанува поради тоа што постои нелегален приклучок на канализациона шахта поради што се надминува капацитетот на мрежата и доаѓа до прелевање. Велат дека дел се влева во реката, а дел продолжува низ одводниот систем. Нелегалниот приклучок се наоѓ…

Јул 16, 2014

Драмскиот дел на Охридско лето започнува со претствата Отело

Со претставата Отело актерите на битолскиот народен тетар го заполчнуваат драмскиот дел на фестивалот Охридско лето. Младите актери од битолскиот театар ја подготвувале претствата под режисерското водство на Диего де Бреа. Костимите се дело  на Благој Мицев. Мицев е здоволен од соработката со режисерското име на де Бреа. „ Тој за нас беше исклучително искуство,  режисер што се случува еднаш на неколку години. Де Бреа  успеа да ги повлече работите и во организација и во идеја, визуелно,  и на се она што го работиме. Отело е една претстав која на многу нивоа ги поместува границите во нашиот т…

Мај 18, 2021

Со помош на механизацијата на „Македонија пат“ ќе се отстрануваат бесправно изградените објекти во Охридскиот регион

Владата на Република Северна Македонија на 69-та седница, го задолжи Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта “Македонија пат”, во соработка и координација со општина Охрид да и стави на располагање соодветна механизација согласно Мерката да продолжи и да се интензивира отстранувањето на бесправно изградени објекти во Охридскиот регион, со приоритет на крајбрежјето и на објектите нотирани од страна на НП Галичица. „Упатувам јавна благодарност до Владата за поддршката на активностите за отстранување на бесправните градби. Убеден сум дека само преку…

Јул 16, 2014

Се возобновува фестивалот на сирење и вино

  Се возобновува фестивалот на сирење и вино. После петгодишна пауза оваа дегустаторско-продажна манифестација  повторно ќе се одржи и тоа во средината на август, најавуваат од Локалната. Овојпат тој ќе има регионален карактер па учество ќе земат производители на вино и сирење и од другите општини од Македонија како и од Корча , Албанија. Виното и сирењето не се карактеристични за ова поднебје но организаторот смета дека на фестивалот охридски шмек ќе му даде плашицата. -На истата оваа манифестација ќе биде промовирана и плашицата бидејќи е еден препознатлив бренд на градов. Ќе бидат понуде…

Јул 16, 2014

Изработка на локални сувенири е една од можностите кои ги нуди ОГУ Кузман Шапкарев

Обуки и прекфалификации за возрани луѓе  е приоритет на општинското јавно училипште Кузман Шапкарев или поранешниот работнички универзитет. Многу луѓе кои останале без работа или сакаат стручно да се  прекфаликуваат обуките може да ги добијат во оваа институција, вели Славица Ристеска директор на отворениот граѓански универзитет Кузман Шапкарев.   Изработката на оргинални локални сувенири е една од можностите кои ги нуди отворениот граѓански универзитет, порачува директорката. Треба да се размислува  сувенирите  да се изработуваат на едно опремено место, предлага  Ристеска. „ Добро е Локалн…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top