Јул 25, 2014

14 нови државни службеници ќе се вработат во Локалната самоуправа

Преку Агенцијата за администрација во Локална самоуправа ќе се вработат 14 нови државни службеници. Ќе се прима еден виш референт за архивско и канцелариско работење, двајца соработници за следење и донесување урбанистички планови, двајца помлади соработници за донесување на урбанистички планови, еден соработник за правни работи од областа на урбанизмот, еден виш соработник за следење и реализација на проекти, еден соработник за туризам и угостителство, еден виш референт – администратор, еден соработник за прибирање и обработка на податоци од областа на културата, еден помлад соработник за …

Јул 25, 2014

Во охридско пронајдени гранати од Прва светска војна

Тринаесет артилериски гранати се пронајдени во Лескоец, охридско. До нив дошле работниците на скопската фирма Вардар вчера при вршење ископ за поставување на фекалната канализација во ова село. Тие веднаш прекинале со работа и случајот го пријавиле во полиција. Љупчо Прескакулов, од Дирекцијата за заштита и спасување вели дека веднаш после укажувањето од охридскиот сектор за внатрешни работи екипи излегле на лице место и ги извршиле сите потребни активности за детектирање и деактивирање на убојните средства. Според него станува збор за неексплодирани  гранати со калибар 105 – 120 милиметри …

Јул 24, 2014

Инфо пултовите во Охрид често се расипуваат

Само 5 инфо пултови се функционални од вкупно 10 колку што има набавено Општина Охрид. Два се целосно вон употреба, еден на влезот од градот кај туристичкото биро и еден кај автобуската станица. Нов инфо пулт ќе се постави кај Долна порта а за уште два се размислува за најсоодветна локација. Во моментов домашните и странските туристи  можат на дигитален начин и од улица да го изберат објектот каде што ќе се сместат, да ги видат содржините на градот, како и да погледнат кои културно историски споменици можат да ги посетат преку Инфо пултовите пред општинскта зграда, пред градскиот плоштад, к…

Јул 24, 2014

Три угостителски објекти добиле казни за пуштање гласна музика

Три угостителски објекти казнети за пуштање прегласна музика. Од 30- те исконтролирани објекти  инспекторите во овие објекти регистрирале дека ја надминале дозволената бучавост и го прекршиле  законот за заштита од бучавата. Николче Милески од општинскиот инспекторат кажува дека контролите покажале  дека на терен има подобрување, но дека сепак граѓаните пријавуваат и понатака бучава. „ Најголем број на прекршувања за кои се жалат граѓаните се од плажите во ноќните часови, а тука се и бродовите. Се организираат забави на брод. И  тие ќе бидат исконтролирани дали ги исполнуваат условите да ра…

Јул 24, 2014

Здружена опозиција: „Поширока дебата за можно решение за Мостот на желбите“

Здружената опозиција, од „Мостот на желбите“ со апел и барање до локалните власти пред да се руши постоечкото да се изнајде адекватно ново решение. Денес рекоа дека за нив е несфатлива одлуката на средина од летната туристичка сезона да се прават зафати за рушење на мостот. „Овој мост го користат не само граѓаните кои живеат тука во населбата Канео, и кои навистина ги поврза на еден извонредно добар начин овие граѓани, меѓутоа го користат и многу од гостите. Реагираме како советници на оваа одлука, најпрво поради тоа што рековме дека сметаме дека на средина од оваа туристичка сезона, не би …

Јул 23, 2014

За прв пат услуга „all inclusive“ во туристичката понуда во Охрид

Годинава за прв пат услуга „Се е вклучено“ во туристичката понуда во нашиот град. Пионери во реализацијата на оваа идеја се луѓето од хотелот „Гранит“ кои велат дека за all inclusive услугата размислувале веќе неколку години, но дека оваа година конечно стигнале и до нејзина реализација. Од менаџментот на хотелот „Гранит“ велат дека нивната одлука да го применат овој модел на работа не е некоја голема иновација со оглед дека во другите туристички дестинации одамна се применува, но додаваат дека овој тип на услуги во туристичките објекти е она што на Охрид му недостасувало. Самата all inclus…

Мај 19, 2021

ДА СЕ ОТСТРАНАТ ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ КАЈ „САРАИШТЕ“

Општина Охрид по втор пат упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат од брегот кај плажата „Сараиште“ со цел навремено расчистување на плажата која се очекува претстојново лето да е посетена од охриѓани и туристи од земјава и соседството. Воедно доколку пловните објекти не бидат отстранети во најкраток временски период тоа ќе го направат надлежните служби на трошок на сопствениците.

Јул 23, 2014

Се уредува паркингот кај „Студенчишта“

Започнаа активностите за уредување на паркинг просторот наспроти Центарот за обука на вода во непосредна близина на мостот кај каналот “Студенчишта“ со кој  стопанисува ЈП “Билјанини извори.“  Активностите ги реализираат охридските јавни претпријатија “Ниско градба“ и “Градски гробишта“. Паркингот се очекува да биде ставен во употреба на крајот од оваа недела и ќе биде наменет за паркирање на околу 60-ина автомобили, информираат од Локалната Самоуправа. Паркирањето ќе изнесува 30 денари за час. Добро е што просторот се уредува затоа што од пред една недела граѓаните на кои им беше наплатен …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top