Авг 13, 2014

По шести пат охридски хорски фестивал

По шести пат охридски хорски фестивал. Од 21ви до 25ти август сите љубители на хорската музика ќе можат да уживаат во настапите на 30 европски хорови. Концептот на фестивалот останува ист како и минатите години. Отворањето на фестивалот започнува со кратки настапи на хористите на отворена сцена.-Атмосферата ќе е прекрасна. Сите хорови се квалитетни и ги покануваме сите граѓани и туристи кои ќе престојуваат во Охрид да ги посетат концертите, а причина повеќе е што влезот е слободен, вели Александар Димоски, директорот на Охридскиот хорски фестивал .И годинава на фестивалот учествуваат хорови…

Авг 12, 2014

Зафати во Болничките цркви од наесен

Како што телевизија ТВМ информираше пред десеттина дена, сепак ќе се уредува дворното место на болничките цркви Св Богордица и Св. Никола. Поттикнати од бројните забелешки на граѓаните кои постојано укажуваа на грдата слика од разурнатиот ѕид, ја продолжуваме сторијата за болничките цркви. Првиот човек на Завод и Музеј Тања  Паскали Бунташеска открива дека есенва ќе се уредува дворнотo место на овие две цркви. „Ќе се регулира во теков на есенскиот период, моментално изработуваме заштитно конзерваторски основи потребни за урбанизација на тој простор и се надевам дека ќе најдеме заедничко реш…

Авг 12, 2014

Викенд на вино и сирење во Охрид

Викенд на вино и сирење во Охрид. После петгодишна пауза дегустаторско-продажната манифестација „Вино и сирење“ повторно ќе се одржи. Овојпат таа ќе има регионален карактер, па учество ќе земат производители на вино и сирење и од другите општини од Македонија, како и од Корча, Албанија. Производите ќе бидат поставени на дваесеттина штандови распоредени околу фонтаната кај чинарот.-Она што е иновативно за ова издание  на фестивалот „Вино и сирење“ е што ќе има еден многу добро осмислен вид на презентација преку посебно дизајнирани штандови на кои ќе бидат изложени производите, но предвиден е…

Авг 12, 2014

Расте угледот на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово, а институциите ги кратат финансиите

Течат завршните подготовки за одржување на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. 26 -то издание на оваа  значајна културна манифестација,  која ги  слави поезијата и уметноста, ќе започне на 15 август  во Велестово. Годинешното издание  е посветено на македонската поетеса, академик Катица Ќулавкова. Традиционално  нејзина поезија ќе се чита на сред село во Велестово. Останатите две вечери ќе се одржуваат во Охрид. На интернационалната вечер гостува поетот од Ирска, Патрик Котер, од Словенија доаѓа Барбара Погачник, а од Црна Гора ќе се претстави поезијата на Тања Бакиќ. Пред слушателите…

Мај 21, 2021

Затвореник преку Фејсбук измамил охриѓанец и подигнал кредит на туѓо име

Во периодот додека се наоѓал во затвор во периодот февруари-април годинава, преку лажен профил на социјалната мрежа, тој стапил во контакт со сограѓанинот и го довел во заблуда за да му обезбеди лични документи од трето лице. „Тој остварил контакт со лице од Охрид и доведувајќи го во заблуда, го убедил да обезбеди валидни лични податоци и документи од трето лице, кои подоцна ги злоупотребил за подигнување кредит од финансиско друштво кое се занимава со издавање брзи кредити“, велат од СВР Охрид.Против осомничениот полицијата поднела кривична за две дела: измама и злоупотреба на лични подат…

Авг 12, 2014

Општината со кредит од Светска банка ќе прави капитални проекти

Со пари од Светска банка општината ќе прави капитални проекти. Денес за таа цел се одржа јавна расправа која е една од финалните постапки кои ги налага Светска банка пред  одобрување на кредитот. Општина Охрид долгорочно ќе се задолжи во висина од 1милион и 700 000евра.-Целта на овај заем е финансирање на капитални  инвестициски проекти за рехабилитација на некои локални улици  и два локални патни правци како и набавка на најсовремени специјални возила за ЈП Комуналец, вели градоначалникот Никола Бакрачески.Општината ќе има 13 години рок на отплата на кредитот со грејс период од три години….

Авг 12, 2014

Советот на млади при Општина Охрид го одбележа меѓународниот ден на младите

Советот на млади при Општина Охрид, денеска одржа свечена седница по повод 12-ти август, меѓународниот ден на младите. Пред младите од локалниот совет се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев според кого младите се носители на напредокот, науката, технологијата. Тој потенцираше дека младите треба да се слушаат почесто и да бидат погласни, зборувањето да не се сведува на постојано негодување и несогласување со донесени одлуки, туку со предлози, идеи и  зборување, не со сила, туку со аргументи, не со страв туку со храброст, со знаење. Јанев посочи дека младите мора ноќниот живот да го за…

Авг 12, 2014

Спасителите од спасителната служба при Црвениот крст од Охрид со хуман гест

„Се решивме на еден хуман чекор, на една хумана постапка, а тоа е да одвоиме една дневница од нашиот ангажман ова лето и да ја донираме за нашиот 11 годишен сограѓанин кој овој август треба да се оперира во Пекинг. Се надевме дека оваа наша хумана постапка ќе ја следат повеќе институции и повеќе индивидуалци во овој град и да му помогнеме на нашиот сограѓанин што побрзо да оздрави.“-вели Марија Ристеска од спасителната служба при Црвениот крст од Охрид.А хуманите активности за помош на нашиот 11 годишен сограѓанин кој боледува од тешка болест продолжуваат и понатаму. Средствата собрани од п…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top